Реклама

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Македонија

Лукровски: Во недела заокружете 9, за да го развиеме и изградиме Карпош во модерна и урбана средина

Драги мои карпошани, постои една стара изрека која вели, доколку не напредуваш,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Драги мои карпошани, постои една стара изрека која вели, доколку не напредуваш, не значи дека стоиш во место. Ти назадуваш. Токму така се осеќав јас во последните години, и токму затоа решив да се кандидирам. Карпош е убава општина и за тоа се заслужни плеада на карпошани на кои сме им благодарни низ историјата, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ од изјавата на нивниот кандидат за градоначалник на општина Карпош Сотир Лукровски.

Но, тоа не е случај со последната општинска власт која во својот мандат не стори ништо за општината, туку само лична корист. Во изминатите неколку недели, се видов со многу од вас граѓаните, посетив здруженија, експерти од сите области. Во Карпош ни дојдоа бројни министри од сите ресори и на основ на тие средби ја направив нашата програма.

Не сакам лично да ве убедувам во ништо. Јас не сум човек политичар. Решив да направам нешто од општествена корист. Доколку ја делите мојата енергија, визија, подготвеност и спремност, ве молам на 19 октомври да заокружите број 9. Доколку мислите спротивно, не се лутам.

Реклама

Меѓутоа, верувам дека во Карпош постојат луѓе, кои заедно со мене, заедно со љубов за Карпош, можат да направат многу повеќе. Ви благодарам.