Реклама

По Скопје, на удар на „совршената бура“ беше и југоисточниот дел: Настрадаа Штип, Свети Николе и Пробиштип

По хаваријата со водоводот: Владата ветува брзо решение за Гостивар

Однесено со ветрот: Ден по силната бура Скопје полека се опоравува, се санираат и бројат штетите

Кулминира топлотниот бран во Грција – во Атина екстремна опасност од пожари

Рокас: ЕУ ве гледа како идна членка, но владеењето на правото останува бескомпромисен услов

Брисел со нови пофалби за Македонија: Додека опозицијата блокира, Владата засилено работи на реформите

Од пеколни температури и пожари, до свежо време и бури: екстремна промена на временските услови за само една година

Повеќе пари за земјоделството, социјалната заштита и капиталните инвестиции – ребалансот на буџетот оди во Собрание

Невремето откорна дел од кровот на болницата во Штип, сериозни штети има во Чешиново-Облешебо

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Македонија

Лукровски: Ќе изградиме нова детска градинка и ќе ги реконструираме постоечките во Карпош

Почитувани, почнуваме со градинките и училиштата во Карпош. Досегашното мое работење кажува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почитувани, почнуваме со градинките и училиштата во Карпош. Досегашното мое работење кажува дека секој еден може да гради улици, да поставува плочки, и ивичњаци но јас верувам дека вистинска силна општина не се гради од бетон туку од луѓе, објави кандидатот за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ за Карпош, Сотир Лукровски.

Образованието и грижата за децата за мене не се трошок, тие се највисока форма на инвестиција, затоа јас ќе направам се што е потребно, ниедно дете во Карпош да не остане на листа на чекање за градинка, и ниедно училиште да не изгледа како да е заборавено од времето. Да биде прописно загреано во зимските денови, и климатизирано во летните месеци.

Со поставување на фотоволтаици на крововите, од училиштата и градинките, на тој начин ќе ја искорениме зависноста од мазут набавена од било кој и да е петрол. А преку тоа и загадувањето во Карпош.

Реклама

Ќе ја изградам новата централна градинка во Карпош, со капацитет од најмалку 200 деца, со современи енергетски стандарди, отворени училници и двор кој ќе биде простор за игра и учење, преку природа по светски стандарди. Паралелно ќе започнам целосна реконструкција на сите постоечки градинки, не површно туку темелно, ќе ги заменам старите изабени креветчиња и плакари со нов безбеден мебел, ќе ги подобрам осветлувањето, подовите и тоалетите. Затоа што детската сигурност, не смее да зависи од буџетот.

Ќе воспоставам и сензорни зони за децата со посебни образовни потреби затоа што секое дете заслужува достоинствено место во општината. Но мојата визија за образованието не завршува во градинките, јас ќе создадам отворени училници во дворовите на основните училишта во Тафталиџе, Карпош 3, Козле, каде децата ќе учат биологија, ликовно, или физичко под ведро небо, не под неонка.

Во 21 век, сметам дека дигитализацијата е неминовен процес, затоа ќе набавам интерактивни табли и современа опрема за секоја училница. Но нема да дозвола технологијата да го замени наставникот, таа ќе му биде партнер не конкуренција. Ќе воведам програма едукација плус, преку која секое дете од трето до деветто одделение ќе има можност за бесплатни курсеви по роботика, музика, програмирање или странски јазици. Директно во своето училиште во наставниот дел. Сакам децата да остануваат во училиштата затоа што сакаат, не затоа што мораат. Ќе воспоставам и Совет на родители, каде секоја мајка и секој татко ќе може директно да предложи подобрување, без формални процедури, без чекање, ако некоја училница прокиснува, ако некој премин е небезбеден, јас сакам тоа веднаш да го слушнам и веднаш да реагирам.

Општината под мое водство нема да биде директор што издава наредби одозгора, туку партнер што слуша и дејствува. Мојата цел е јасна, да направам Карпош да биде место каде првиот чекор на детето е сигурен, каде првата буква се учи со радост, и каде првата реченица што ќе ја каже е „Сакам повторно во градинка“. Ако тоа го постигнеме, тогаш знам дека сме изградиле повеќе од општина, сме изградиле заедница што верува во иднината и верувајте така и ќе биде.