Реклама

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните операции на срце кога ќе добијам безбедносен сертификат

Мицкоски: Енергетски сме стабилни, а инфлацијата е за 50% пониска од онаа во ЕУ

По децении чекање: Камен темелник за „Чебрен и Галиште“ следната година

Мицкоски: Македонија ќе ја прилагодува надворешната политика кон новите европски трендови

Мицкоски: Утре ќе биде отворен реновираниот студентски дом „Стив Наумов“, инвестициите во образованието се огромни и приоритет на Владата

Мицкоски: Во судството имаме измеќарско малцинство коешто им слугува на СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Марихуана-политиката и „Стабри“-здравството беа понудата на Филипче, наспроти дата-центрите и развојот којшто мора да се случи во државата

Мицкоски: Со модернизацијата на хидроелектраните ќе го зголемиме производството на обновлива енергија

Мицкоски: Поранешната влада сама прифатила за услов промена на Уставот, сега ние се бориме за подобри позиции

Мицкоски: Овие од СДСМ што се против рудници нека ги прашаат граѓаните на Крива Паланка што мислат за антимонот — и нивниот градоначалник го поддржува проектот

Свет

Лидерите на ЕУ ги откажаа плановите за заем за репарации за Украина

Лидерите на ЕУ ги откажаа плановите за заем за репарации за Украина…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Лидерите на ЕУ ги откажаа плановите за заем за репарации за Украина и наместо тоа ќе соберат 90 милијарди евра преку заедничко задолжување за финансирање на Киев во следните две години. Унгарија, Чешка и Словачка нема да учествуваат во аранжманот, објави „Еуроњуз“.

Откако разговорите заглавија поради барањето на Белгија за неограничени гаранции пред користењето на замрзнатите руски средства, лидерите на ЕУ се свртеа кон издавање заеднички долг. Ова би ја обезбедило финансиската стабилност на Киев во следната и во 2027 година, додека товарот би паднал врз заедничкиот буџет на ЕУ.