Реклама

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Прилози

Летните одмори завршија, од утре продолжуваат големите судски процеси во земјата

Судската летна ферија заврши и веќе има закажано десетина рочишта за предмети…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Судската летна ферија заврши и веќе има закажано десетина рочишта за предмети кои привлекоа огромно внимание кај јавноста. Првиот ден од септември, треба да продолжи судењето против поранешниот директор на клиниката за Геријатрија, кој заврши на обвинителната клупа откако побарал 100.000 евра за прием на пациент кој се наоѓал во лоша состојба. Рочиштето ќе се одржи во Кривичниот суд во Скопје. Во новата поголема судница во Идризово пак на 2 септември ќе продолжи  судењето за предметот „Адитив“, случајот во кој според обвинителството при набавка на сомнителни адитиви за РЕК Битола и ТЕЦ Неготино е направена штета од над 6,5 милиони евра. Во истиот предмет на обвинителна клупа треба да седне и експретседателката на Антикорупциска, Татјана Димитровска која се товари за одавање службена тајна и комјутерски фалсификат.

Веќе следниот ден, на 3 септември, според судскиот календар, во Кривичен се закажани три рочишта интересни за јавноста – продолжува судењето против таткото на Васил Јованов, кој кон крајот на јануари на пешачки премин, на црвено светло и под дејство на алкохол ја усмрти 22-годишната Фросина Кулакова од Неготино. Зоран Јованов се товари за предизвикување тешки дела против општата безбедност. Второто рочиште истиот ден е против Раде Трајковски Штекли и уште девет лица за продажба на дрога, а судијата ќе треба да одлучи дали Штекли е способен да го следи судењето, откако одбраната тврдеше дека тој се наоѓа во лоша здравствена состојба. Истиот ден има рочиште и за ексдиректорката на Агенцијата за Националната агенција за  европски образовни програми и мобилност раководеше Лидија Димова. Судењето почна пред три години, а еден од обвинетите призна вина. И покрај тоа, Димова до крај го убедува судот дека не направила штета од 20 милиони денари со злоупотреби на средства на европската заедница.

Веќе на 5-ти септември ќе започне судењето за случајот во јавноста познат како Онкологија, откако првото рочиште минатиот месец се одложи. Првообвинет е поранешниот директор на клиниката, Нино Васев со уште тројца онколози кои се товарат за несовесно лекување.

Реклама

Две недели подоцна, на 22 септември, се очекува да продолжи и повторното рочиште за случајот познат во јавноста како „Беса Транс“, односно за сообраќајната несреќа која се случи во Бугарија пред 4 години, а во која загинаа 45 лица. Во овој случај првообвинет е сопственикот на компанијата, Беким Хаџиу, кој се гони дека превезувал лица со фалсификувана лиценца за меѓународен транспорт.

 Во меѓувреме, јавноста очекува и датум за судењето за пожарот во ноќниот клуб Пулс во Кочани, кога во една од најголемите трагедии во земјава животот го загубија 62 лица. Обвинителниот акт за овој предмет против вкупно 37 физички и правни лица се уште е во фаза на оценка од страна на Кривичниот суд во Скопје, а откако ќе биде одобрен ќе биде распореден кај судија кој ќе го води предметот.