Реклама

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Македонија

Лефков: Дали ширејќи паника за центрите за податоци Филипче и СДСМ се против сајбер-безбедноста?

Неколку дена сведочиме на паниката што СДСМ и Венко Филипче ја шират…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Неколку дена сведочиме на паниката што СДСМ и Венко Филипче ја шират дури и за оваа идеја за изградба на дата центи или центри за податоци, рече на прес-конференција Миле Лефков, член на Извршниот комитет и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, наведува Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

Прво, Филипче и неговото актуелно раководство во СДСМ треба да направат разлика помеѓу приватни дата центри и државен национален дата центар. Второ, Филипче е последен кој може да се грижи за интересите на граѓаните и нивниот квалитет на живот.

Државата има  обврска од Реформската агенда или патот до ЕУ за изградба на национален дата центар. И како што информиравме Македонија има дата центар во Прилеп кој е секундарен, она што и треба е примарен каде што на едно место ќе се чуваат сите податоци од државните институции. Значи, цел на овој дата центар е безбедност на личните податоци на граѓаните како и безбедност на податоците од државните институции.

Реклама

Дали Филипче и СДСМ кои шират паника се против безбедност на лични и државни податоци? Дали СДСМ знае дека тоа е клучно за безбедност и стабилност на државата? Дали СДСМ знае дека безбедни лични информации на граѓаните е од голема важност за остварување на нивните права по различни основици како  здравствени, социјални и слично?

Сајбер безбедноста или заштита од напади на системот на податоци е одлика на секоја современа држава. И вообичаено додека ВМРО-ДПМНЕ се грижи за секој еден граѓанин и за државата, СДСМ бара начини за остварување на интереси на поединци.