Реклама

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Македонија

Лажна вест, хорски спин: Деструктивно-опозициски медиуми со напад врз историскиот договор со Британија

Потпишувањето на Заедничката декларација за стратешко партнерство со Обединетото Кралство претставува историски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Потпишувањето на Заедничката декларација за стратешко партнерство со Обединетото Кралство претставува историски чин од највисоко државно значење. Тоа е чин со кој Македонија се позиционира како сериозен, стабилен и вредносно определен партнер во евро-атлантската заедница, се вели во партиската реакција на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Со големо жалење констатираме дека истовремено со ова државничко достигнување, се појавија апсурдни и злонамерни дезинформации, според кои наводно овој договор содржи одредби за отворање на мигрантски кампови во Македонија. Јавно и недвосмислено потврдуваме – такво нешто не постои. Во документот нема ниту една одредба, најава или формулација што се однесува на отворање или организирање на каков било камп за мигранти на македонска територија. Текстот е јавно достапен и секој може да го прочита. Дополнително, ниту еден сериозен медиум – домашен или меѓународен – кој известуваше од Самитот на Европската политичка заедница во Тирана, не ја спомена оваа фабрикувана теза. Причината е едноставна – затоа што тоа не е вистина. Не знаеме дали станува збор за свесен обид за нанесување штета, дали е нарачано од политичка партија, поединец или некоја друга структура, или, пак, произлегува од неинформираност и незнаење – но голем дел од медиумите денес излегоа со класична шпекулација, која, како по команда, почна да се шири со единствена цел: да се загрози ефектот од оваа одлична вест за нашата држава и нашите граѓани. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ децидно потврдува: било какви договори за мигранти или камп за мигранти не постојат и не се дел од овој документ со Обединетото Кралство. Оваа „вест“ е лажна вест. И најголем дел од медиумите што ја презедоа тоа го направија спротивно на сите елементарни новинарски стандарди – хорски, со исти наслови и исти текстови, со што самите си ја открија не само несериозноста, туку и својата агенда. Апелираме до јавноста да не подлегнува на такви деструктивни обиди, туку да биде спокојна и да се радува на добрата вест од овој договор со Велика Британија – договор кој е влог во безбедноста, стабилноста, економијата, и европската перспектива на нашата татковина, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

А за оние кои имаат аргументирани критики – од идеолошка или друга природа – или се приврзаници на алтернативни сојузи кон Истокот – би било корисно прво да подготват аргументи, бидејќи лагите како оваа со мигрантите – брзо и болно ќе им изгорат. Македонија оди напред. Партнерствата што ги градиме се капитал што ќе го браниме – со разум, со факти и со гордост, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.