Реклама

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Побрзо до Јадранот, поблиску до нови економски можности – Скопје и Тиват се поврзуваат со нова директна авиолинија

Божиновска: Политичките промени во Србија нема да влијаат врз заедничките проекти со Македонија

Два различни концепти: За Брвеница едни повикуваат да се гласа за проекти, други за да не победат „Каурите“

Поранешниот директор на ФЗОМ Ден Дончев, вработени во фондот и во приватна болница се сомничат за злоупотреби од 5 и пол милиони евра

Крупните инфраструктурни проекти отвораат големи перспективи за домашните градежници

Македонија

Лашкоска од Будимпешта: Протоколот за вода и здравје – рамка за побезбедна и поодржлива иднина

Заменик-министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, и заменик-министерот за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заменик-министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, и заменик-министерот за здравство, Јовица Андовски, учествуваа на високиот сегмент на Седмото собрание на страните на Протоколот за вода и здравје, организирано заеднички од Економската комисија на Обединетите нации за Европа (UNECE) и Регионалната канцеларија на Светската здравствена организација за Европа (WHO/Europe), по покана на Владата на Унгарија.

Оваа седница го одбележува 20-годишниот јубилеј од стапувањето во сила на Протоколот – единствен меѓународен инструмент кој го поврзува управувањето со водите со заштитата на јавното здравје. Темата на високиот сегмент, „Отпорни системи за вода и санитација за побезбедна и поздрава иднина“, ја нагласува важноста на координираниот и интегриран пристап во услови на климатски и здравствени предизвици.

-Во изминатите две децении, Протоколот за вода и здравје претставува извонреден пример на соработка меѓу секторите за животна средина и здравје, промовирајќи безбеден пристап до вода, санитација и хигиена за сите, истакна заменик-министерката Лашкоска.

Реклама

Таа додаде дека нашата држава останува посветена на целите на Протоколот, кој за земјата претставува повеќе од правен инструмент – рамка за напредок и усогласување на националните политики со европските приоритети за одржлив развој и климатска отпорност.

-Овој јубилеј не е само повод за славење на постигнатото, туку и повик за обновена посветеност. Да продолжиме да работиме заедно – преку граници, сектори и генерации – за поздрава, побезбедна и поодржлива иднина за сите,“ порача Лашкоска.

Таа истакна дека нашата држава активно инвестира во модернизација на инфраструктурата за вода и санитација, воведување дигитални системи за мониторинг и подобрување на пристапот до безбедна вода, особено во руралните и ранливите заедници.

Состанокот во Будимпешта ги обедини министрите, владините претставници и меѓународните организации од целиот свет. Заклучоците од високиот сегмент ќе бидат вклучени во подготовките за Конференцијата на Обединетите нации за води 2026, што ќе се одржи во Обединетите Арапски Емирати во декември 2026 година.