Реклама

Во Прилеп се одржа едукативен соларен саем за искористување на обновливите извори на енергија, посебно сончевата

Потребни се радикални чекори за враќање на довербата во судството: Уставниот суд бара поголема отвореност и одговорност

Хаг ја отвори Пандорината кутија: Ако водството на УЧК во Косово се воени злосторници, што е со водството на УЧК во Македонија?

Хаг ги осуди за воени злосторства водачите на ОВК – Хашим Тачи доби казна од 25 години затвор

Фон Дер Лајен пред Европскиот Парламент: Канада доби историска покана од ЕУ, Македонија и Западен Балкан нови патокази за членство

Николоски: Со решавање на проблемот со превозниците до поголем пристап на европскиот пазар

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

Македонија

Лафчиски во Брисел на конференција на НАТО

Началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денес,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денес, 14 мај 2025 година, во седиштето на НАТО во Брисел, Кралството Белгија, учествуваше на конференцијата на Воениот комитет на НАТО во формат на началници на Генералштабови.

Во текот на конференцијата, генералот Лафчиски активно учествуваше во дискусиите. При истата, од негова страна беше нагласено дека интероперабилноста останува клучна за подготвеноста на НАТО. „Преку остварување на нашите цели и соработка со сојузниците, ние ги поддржуваме напорите на НАТО за одговор на сегашните и идните закани“, наведе генералот Лафчиски.

Во врска со учеството на нашата Армија во мисии предводени од НАТО, генералот Лафчиски ја истакна јасната определба за подготвеноста на армиските сили, како и определбата за солидарноста кон сојузниците преку учество во мисии за соодветно одвраќање водени од НАТО. Беше нагласено дека македонските војници активно учествуваат во мисите на НАТО на источното крило на Алијансата, поточно во Бугарија, Романија и Латвија. Во оваа прилика беше истакната и улогата на нашата Армија во колективната обука на НАТО преку нашето учество во НАТО водените вежби.

Реклама

Претседавачот на Воениот комитет, адмиралот Џузепе Каво Драгоне во своето воведно обраќање наведе дека целта на денешниот состанок е да се истакне сеопфатниот пристап на Алијансата во справувањето со глобалните предизвици преку единство и соработка. Дополнително, адмиралот Драгоне истакна дека тековните безбедносни предизвици бараат инвестиции во време и ресурси, наведувајќи „инвестирање повеќе, не трошење повеќе, е императив за одржување на мирот сега и во иднина“.

Конференцијата на воениот комитет се реализираше преку неколку сесии.

Најпрво, командантот на Врховната сојузничка команда на НАТО за Европа, генералот Кристофер Каволи, ги информираше началниците на Генералштабовите за континуираниот напор на Алијансата за зајакнување на колективната одбрана и одвраќање. Во текот на оваа сесија началниците на Генералштабовите на земјите членки на Алијансата разменија мислења за тековните НАТО мисии и активности како и за НАТО безбедносната помош и обука за Украина.

Следно, командантот на Врховната сојузничка команда на НАТО за трансформација, адмирал Пјер Вандиер, информираше за одбранбеното планирање на НАТО и можностите за иновации и предизвици.

На сесијата посветена на Украина се дискутираше за Руската воена агресија врз Украина, состојбата на теренот и континуираната поддршка која НАТО ја дава за Украина.

Заклучоците од состанокот ќе бидат објавени во текот на денешниот ден на прес-конференција на која ќе се обрати претседавачот на Воениот комитет, адмиралот Драгоне.

На конференцијата на Воениот комитет, покрај претставниците од 32-те земји членки на НАТО, присуствуваа и командантите на Врховната сојузничка команда на НАТО за Европа и Врховната сојузничка команда на НАТО за трансформација. Ова тело заседава во различни формати, а највисокиот формат е на ниво на началници на Генералштабови, кој вообичаено заседава три пати годишно, два пати во седиштето на НАТО и еднаш во земја членка на Алијансата.