Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Прилози

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Продолжува владината поддршка за уметниците и нивното творештво. Министерството за култура и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Продолжува владината поддршка за уметниците и нивното творештво. Министерството за култура и туризам го објави повикот за финансирање на културни проекти од национален интерес. Повикот ќе трае до 30ти октомври а во рамки на владината политика за дигитализација, пријавите ќе се доставуваат исклучиво електронски, преку порталот за е-услуги. Апликациите кои ќе бидат доставени преку пошта ќе бидат одбиени. Поддржувањето на македонската култура е од особена важност за сликата на државата во меѓународни рамки.

„Овие конкурси ќе ги поддржат проектите што ја збогатуваат културната понуда, создаваат простор за нови креативни изрази и придонесуваат за меѓународната видливост на нашата култура“, изјави Седат Сулејмани, министер за култура и туризам

Предност ќе имаат сериозни и добро осмислени проекти со висок степен на одржливост. Целта е да се финансираат проекти кои ќе остават траен белег, а повеќе внимание ќе се посвети на помалите иницијативи во пограничните предели.

Реклама

„Свесни сме за важноста на помалите иницијативи. Тие ќе продолжат да имаат свое место, особено кога покажуваат висок уметнички квалитет, иновативност и јасна поврзаност со локалните заедници.“

Од министерството истакнуваат дека државата стои цврсто зад своите уметници, институции и културни работници. Правните лица ќе можат да аплицираат на повикот со 4 проекти, додека физичките, со максимум 2 проекта. Целта е да се поттикне квалитет а не квантитет во културната понуда. Проектите ќе оценуваат со бодови, при што, најмногу – до 70 бода ќе се доделуваат за квалитетот на содржината.