Реклама

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Македонија

Кузманоска: СДСМ остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет и највисок раст во вториот квартал

Власта на СДСM на која успех и беше раст од 2% на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Власта на СДСM на која успех и беше раст од 2% на економијата, за која успех беше платите да растат 5% а инфлацијата истиот период да биде 20%, партијата која ги зголемуваше пензиите за 150 денари годишно, не може и не треба да држи лекции за тоа како треба да се води економијата на една држава – истакна на прес-конференција Биљана Кузманоска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Бидејќи ги слушаме секојдневно како говорат за економијата и растот, а се уште се најголема опозициска партија во Македонија, треба да направиме една споредба и да видиме како тие недомаќински работеле, а како ние работиме чесно, одговорно и транспарентно. 

Осум целосни квартали на нивната власт со осум целосни квартали на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Реклама

Што покажуваат бројките?

Во првите осум целосни квартали по доаѓањето на СДСM и ДУИ на власт, просечниот реален економски раст изнесувал околу 2,6 проценти.

Во првите осум целосни квартали на актуелната Влада, од третиот квартал на 2024 до вториот квартал на 2026 година, просечниот раст изнесува околу 3,55 проценти.

Значи, 2,6 проценти во првите 8 квартали на СДСM и ДУИ, наспроти 3,55 проценти во првите 8 квартали на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Разликата е речиси еден цел процентен поен.

Или, изразено релативно, приближно 37 проценти повисоко просечно темпо на економскиот раст.

Но има нешто уште поважно, а тоа е дека во економијата не е доволно да имате еден добар квартал.

Многу поважно е дали можете да создадете стабилност и континуитет.

Во првите три целосни квартали на власта на СДСM и ДУИ, економскиот раст бил под еден процент.

 Денес имаме сосема поинаква економска динамика.

 Од преземањето на Владата, економијата бележи континуиран позитивен тренд, а најновиот резултат е 4,3 проценти реален раст во вториот квартал од 2026 година.

И токму затоа оваа споредба е важна.

 Затоа, кога СДСM денес ја критикува економската политика, добро е јавноста да знае какви биле резултатите кога тие ја имале одговорноста да ја водат економијата.

Евидентна е разликата меѓу економските резултати што ги оставија СДСM и ДУИ и резултатите што денес ги постигнува Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.