Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

Крупиште и Уларци се сеќаваат на крвавиот фашистички пир на 14 октомври 1944 година, во еден ден стрелани над 50-ина мажи

Четириесет и девет момчиња и мажи на возраст од 16 до 60…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Четириесет и девет момчиња и мажи на возраст од 16 до 60 години од карбинското село Крупиште биле убиени, свирепо стрелани, како чин на одмазда, гнев и омраза, која со себе ја носела германската фашистичка војска. На 14 октомври 1944 година се собрани од своите домови, ниви, улици и се однесени пред влезот на селото Крупиште, кое сега е и крстопат кон Пробиштип, Кочани, Карбинци и Штип. 

Емилија Коруновска, историчар во Заводот за заштита на спомениците и Музеј на град Штип вели дека пред 82 години, неколку дена пред ослободувањето на Штип, се случил најголемиот терор на месното население во овој регион. Германскиот фашистички окупатор во октомври и ноември 1944 година почнал бавно повлекување од исток и југ преку градот Штип.

Емилија Коруновска, историчар во Заводот за заштита на спомениците и Музеј на град Штип

Истражувањата на Коруновска пвархивите на штипскиот Музеј и на нејзините колеги вели дека повлекувањето на Германците се одвивало многу отежнато. Последните попатни борби и движењето без одмор ја исцрпувале германската војска, која со себе носела болни, ранети, па и мртви команданти. 

Реклама

– Поминувајќи преку осиромашените и опустошени села и населби, со постојани судири и борби, германската војска со себе носела гнев и голема омраза. Својата омраза Германците постојано ја манифестирале со безбројни убивања, грабежи и уништувања на многу имоти и куќи. Така, во периодот од 14 октомври, па сè до 7 ноември 1944 година, при повлекувањето германските војски извршиле масовни убиства во селата Крупиште, Долни и Горни Балван, Аргулица, Судиќ и Врсаково, каде што биле стрелани 109 лица. Селото Крупиште било запалено и уништено до темел заедно со стоката и домовите на селаните и биле стрелани над 49 мажи што биле затекнати во селото – вели Коруновска.

Таа објаснува дека за овие крвави настани, во кои настрадало машкото население од шест села, меѓу кои и во Крупиште, во архивата на штипскиот Музеј се чуваат фотографии на настраданите, но и на живите сведоци, кои ги имаат преживеано стрелањето и палењето на домовите. 

Токму на 14 октомври 1944 година, Трајан Ѓоргиев од селото Крупиште имал само една година, а во овој невиден крвав пир на германската војска убиени се и татко му и чичко му. Осумдесет и тригодишниот Трајан живо раскажува што се случило на 14 октомври. Семејството му раскажало како биле убиени татко му и чичко му од страна на Германците. 

– Селото било запалено целосно, се одело од куќа до куќа. Собирани биле сите машки лица од 15 години, па нагоре. Доведени се на местото, каде што сега е споменикот, и се стрелани. Тие не знаеле што ќе им се случи, меѓутоа таму назад имало поставен митралез и почнале да ги двојат во строј и да ги стрелаат по 15 или 20 души. Некои од собраните луѓе почнале да бегаат, други се спасиле. Овде има место кое го викаме Орман, почнале да бегаат, некоо од нив попаѓале, други биле ранети. На местото на кое биле стрелани имало и живи, кои паднале под мртвите. Но, по 10-15 минути доаѓа германската заднина и со пиштоли еден по еден ги стрелаат – вели Ѓоргиев.

Телата на 49 момчиња и мажи од селото Крупиште се погребани од страна на нивните жени, мајки.

 Во 1952 година од страна на Здружението на борците е подигнат споменик во нивна чест и на споменикот се напишани имињата на сите жртви. 

– Овој споменик е сведоштво на еден болен и крвав настан од минатото, кој треба да остане во нашата колективна меморија како потсетник на жртвите дадени за денешната слобода – истакна Коруновска. 

Споменикот за убиените 49 жители на селото Крупиште се наоѓа покрај регионалниот пат Штип – Кочани.

Истиот ден, 14 октомври 1944, е кобен и за жителите на Уларци, рамничарско село во срцето на Кочанското Поле, десно од реката Брегалница. Денес, Уларци е населено мсто во составот на општината Чешиново – Облешево. 

На посочениот датум неколку десетици уларчанци, машко население, се невини жртви на германската фашистичка војска. Се споменува бројка од четириесетина стрелани. Во 1967 година среде село е подигнат споменик во нивна чест.

Кога го посетивме Уларци, врнежлив ден, пред споменикот ни пријде чичко Митре Ќиров, роден 1952 година. Неговата куќа е на педесетина метри од споменикот. Кога разбра зошто сме тука, рече дека може да ни го каже само она што за тој настан го памети од кажувањата на повозрасните од него. 

Како што тој памети од она што го слушал, германската војска влегла во селото и од куќите го собирала машкото население, постари од 15-16 години. Луѓето и не знаеле зошто и каде ги водат. Кога сфатиле што им се подготвува, некои почнале да бегаат, но не знае колку точно успеале да се спасат од куршумите на Германците.

Како што му кажале, чичко Митре така и пренесува.

Митре Ќиров пред споменикот во Уларци

Селаните биле постројувани во две групи и биле стрелани на две места. Едното е кај фудбалското игралиште, кое подоцна било направено. Биле палени и куќите. Истиот ден стрелање имало и во соседните села. Не може да ја каже точната бројка на стреланите, ниту зошто фашистичкиот окупатор го направил тој нечовечки чин. Додаде дека во селото и нема жив сведок што би можел повеќе да ни каже.

Според монографиските податоци од разни извори, борбена единица на германската војска го извршила стрелањето во Уларци (како и во Крупиште и Балван) затоа што претходно партизаните, делови од 14. македонска ударна бригада, срушиле мост на Злетовица и се повлекле. Потоа германските војници го направиле она што го направиле. Само еден од двете групи уларчанци успеал да се спаси со бегство. По масовното стрелање, војници се враќале кај купот од телата и ги убивале оние што некако преживеале. 

Втората група била стрелана во близина на реката, при што не се наведува дали кај Брегалница или кај Злетовица.

Набргу по овој ѕверски чин на фашистичкиот окупатор, завршува Втората светска војна. Невините мртви и овој чин се паметат.

Имињата на стреланите во Уларци може да се пронајдат во Зборникот на Сојузот на здруженијата на борците од Кочани, отпечатен 1981 година.