Струмичката полиција денеска поднесе уште една кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов. Тој, заедно со уште двајца вработени во Општина Струмица, ќе одговара за незаконско ослободување од данок на промет на недвижен имот и за несовесно работење во службата.
Кривично е пријавена 54-годишната И.Г., раководител на Одделението за администрирање на приходи во Општина Струмица, поради злоупотреба на службената положба и овластување. Според полицијата, таа во четири наврати донела решенија за даночно ослободување, спротивно на Законот за даноци на имот.
Кривична пријава е поднесена и против Б.Ш., 64-годишен раководител на Секторот за финансиски прашања. Според СВР Струмица, со незаконските дејствија е нанесена штета на буџетот на општината во износ од речиси 670 илјади денари.
