Реклама

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Македонија

Криминална мрежа од 50 луѓе, со лажни дијагнози овозможувале користење туѓа нега и инвадлидски пензии

Доктори на Клиниките за неврлогија и психијатрија, брачен пар лекари од велешката…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Доктори на Клиниките за неврлогија и психијатрија, брачен пар лекари од велешката болница, членови на комисии во ПИОМ, адвокат и вработен во консултантско биро – имале добро разиграна шема за фалсификување на дијагнози за добивање на финансиска помош за туѓа нега и инвалидски пензи. Околу 50-тина луѓе најмногу лекари се вмешани во оваа организирана група која најмалку две години крадела од касата на ФЗОМ и ПИОМ.Членови на комисии во пензискиот фонд им помагале на докторите за да успеат да докажат дека станува збор за изнемоштени и болни луѓе кои треба да добиваат пари од државата. Имале и вешто лице кои им ги потврдувал ваквите наоди, адвокат и управител на консултантско биро.

За да тече измамата без никој да се посомнева сите кои помагале во фалсифкувањето на документи биле наградувани со пари и подароци.

Се претресуваат над 20 тина локации меѓу кои во здравствени ординации, адвокатска канцеларија, службени канцеларии каде работат докторите – на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, Клиничката болница Тетово и во Општа болница Велес… полицијата влегла и на 15 домашни адреси.

Реклама

Половина од групата или околу 25 луѓе се веќе уапсени, а останатите се очекува да бидат спроведени на распит пред истражните органи.

МВР и Обвинителството за организиран криминал деталите ги најавија по завршување на обемната акција.

Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, МВР спроведува координирана акција на повеќе локации низ државата. Станува збор за основано сомнение за сторени повеќе кривични дела со кои е сторена штета  на Фондот за здравство.велат од МВР.

Според неофицијални информации, засега, кривичната пријава ќе биде против 49 луѓе кои полицијата ќе ги товари за злосторничко здружување, злоупотреба на службена положба и овластување, помагање, примање поткуп, давање поткуп, примање награда за противзаконито влијание и давање награда.

Според досегашната истрага, ваквите злоупотреби се правеле најмалку две години, но полицијата нема да застане тука..ќе истражува кога почнале, а кога завршиле постапувањата на инволвираните во оваа акција. Ова ја докажува решителната броба на БЈБ како дел од МВР дека секој кој што се огрешил пред законот ќе одговара.

Оваа акција потсетува на случајот “Метастаза” во кои беа осудени 40-тина доктори и службеници од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.На сличен начин групата дејствувала од 2008 до 2010 година и заработила 165.000 евра, а Фондот го оштетиле за 53.000 евра.