Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Свет

Крахираше интернетот во светот

Технологискиот гигант Клаудфлер, кој управува со критична интернет-инфраструктура и обезбедува услуги за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Технологискиот гигант Клаудфлер, кој управува со критична интернет-инфраструктура и обезбедува услуги за заштита и дистрибуција на содржини за околу една петтина од интернет-страниците во светот, се соочи со голем глобален прекин на мрежата од изутрината. Во прекинот беа погодени многу големи платформи: X, Чет ГПТ на Оупен Еј Ај, Спотифај, Канва и други.

Клаудфлер соопшти дека „видела скок на необичен сообраќај“ на еден од своите сервиси, што предизвикало погрешна рута на податоците низ нејзината мрежа, сè додека не се започнало со исправка. Оттаму велат дека продолжуваат со истрага за причината на скокот на сообраќајот и се прават дополнителни технички корекции.

Експертите предупредуваат дека ваквите падови ја изложуваат ранливоста на глобалната интернет-инфраструктура — мал број компании управува со огромен дел од интернет-содржината, што значи дека кога една од нив има проблем, ефектот е масовен. Во Македонија немаше интернет-пристап на огромен број на веб-страници.