Реклама

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Кривични пријави против три девојки кои го тепаа и го снимаа малтретирањето врз 14-годишното девојче од Куманово

Рокот истекува, договор за изборниот законик нема: Реформската агенда заложник на блокадата од СДСМ и Левица

Нафтата пламна, цените на горивата почнаа повторно да не горат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања

Инспекторат за транспорт доби мобилни контролни центри од ЕУ

Проветрени, освежени и со нова енергија: Новиот владин тим на премирот Мицкоски стапува на сцена

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Македонија

Ковачки: Воената академија ќе добие за 419 отсто поголем буџет

Воената академија ќе добие за 419 отсто поголем буџет, информираше денеска пратеникот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Воената академија ќе добие за 419 отсто поголем буџет, информираше денеска пратеникот Драган Ковачки од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој нагласи дека Предлог-буџетот за 2026 година е фокусиран на развој, но и на безбедност гарантирана од државните институции.

– Македонија инвестира во својата безбедност, модернизација и стабилност. Во Собранието е Предлог-буџетот за 2026-та, фокусиран на развој, но и на безбедност гарантирана од државните институции. Со задоволство би сакал да соопштам дека воената академија ќе добие за 419 отсто поголем буџет. Ова се средства насочени кон зголемена професионализација на македонската Армија, насочени кон подобри услови и поквалитетно образование за нашите офицери, а со тоа и зголемена безбедност за нашата држава, потенцираше Ковачки.

Реклама

Тој додаде дека во оваа насока е и ставката „стручно оспособување во земјата и странство“, што ќе направи, како што подвлече тој, да зачекориме рамо до рамо со нашите НАТО сојузници, а со тоа и да се зацврсти нашата меѓународна позиција.

– Посветеноста кон одбраната и модернизацијата на армијата се покажува и преку Буџетот за Министерството за одбрана, што од следната година е зголемен за 8,4 проценти, односно од 20,4 на над 22 милијарди денари. Овде, исклучиво во делот на модернизација се предлага буџетско зголемување од дури 38,1 отсто односно цели 406 милиони денари повеќе. Дополнително, за опрема и механизација за македонската одбрана, предвидено е зголемување на средствата за 15,7 проценти, односно 844 милиони денари, рече Ковачки.

Тој посочи дека ова се конкретни бројки што покажуваат дека македонската одбрана се движи напред, со јасна стратегија и јасни цели.

– Во време на глобални безбедносни ризици, за стабилна економија мора да имаме и стабилна одбрана. Со овој буџет ја зајакнуваме нашата улога како доверлив сојузник во НАТО, создаваме услови за нови вработувања, обука, техничко и технолошко унапредување, градиме армија што ги следи стандардите на најсилните демократии, ги штитиме нашите граѓани, инфраструктура и територија, истакна пратеникот.