Реклама

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Македонија

Ковачки: Пехчево заслужува модерна инфраструктура, чисти улици, уредени села, подобри училишта, услови за младите и тоа ќе го овозможи Китански

Секој успешен проект, секоја изградена или обновена улица, како и секој насмеан…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Секој успешен проект, секоја изградена или обновена улица, како и секој насмеан жител зборуваат за трудот и посветеноста на луѓето кои веруваат во подобро утре. Александар Китански е човек кој ги знае потребите на граѓаните затоа што беше секојдневно меѓу вас, ве слуша, разбира и дејствува. Имавте можност во текот на претходниот мандат да видите дека неговата сила е во тоа што не се плаши од работа, ниту од предизвици. За него, успехот е во тоа колку животи се подобрени, колку семејства имаат подобар ден, рече Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на народниот митинг во Пехчево во рамките на кампањата со слоган „Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!“ за локалните избори кои ќе се одржат во недела на 19 октомври.

Ковачки посочи дека во изминатите години четири години Китански покажа дека не запоставува ниту едно населено место, градска или селска средина, туку напротив, постојано беше и е на терен со своите сограѓани за од прва рака да ги решава работите.

„И за тоа сме сите тука дојдени за поддршка на Александар и сите сме со една иста желба, да го видиме Пехчево како место каде вреди да се живее, да се работи и да се создава иднина! Не сме тука за лични интереси, за свои цели, туку за заедничкото добро, развој на нашето Пехчево. Затоа што Пехчево заслужува модерна инфраструктура, чисти улици, уредени села, сигурно водоснабдување, подобри училишта и услови за младите. Почитувани пехчевчани, ниту еден успех не доаѓа сам. Сè што се постигнува е резултат на соработка помеѓу граѓаните, општината, советот и владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски. Само кога сите работиме заедно, можеме да го постигнеме најдоброто за нашето Пехчево“, рече Ковачки.

Реклама

Со оваа Влада, додаде Ковачки, предводена од премиерот Мицкоски гледаме конкретни резултати, нови улици, подобрени патишта, реконструирани училишта, инвестиции во младите и во спортот, а пензионерите, кои се темелот на нашето општество и на кои им ја должиме државата, ги добија ветените 5.000 денари кои премиерот ги вети во првата година од мандатот, а истите дополнително се зголемија за уште 1.000, а на пролет ќе се зголемат за нови илјада денари.

„Почитувани советници, Советот има клучна улога  да биде партнер, поддршка и глас на народот. Пред вас ќе стојат нови проекти, нови предизвици и нови можности. Ако останеме обединети, со иста цел и љубов кон нашиот град, можеме да направиме уште повеќе. Пехчево има иднина кога секој жител верува во заедништво, кога секој дава свој придонес и кога сите чекориме во иста насока, за нашето место, за нашето маало. Да продолжиме со истата енергија, со истата верба и со истата љубов кон Пехчево и Македонија“, рече Ковачки обраќајќи се до идните советници во Светот на Општина Пехчево.