Реклама

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Откако се „потрошија“ водејќи инает со власта за изборните правила, СДСМ и Левица се испокараа меѓу себе

Нов случај на врсничко насилство – девојче од Куманово тепано и понижувано

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Македонија

Ковачки и Сали на Рос-Рот Семинарот на ПС НАТО во Брисел

Делегација на Собранието на Македонија во Парламентарното собрание на НАТО, во состав:…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Делегација на Собранието на Македонија во Парламентарното собрание на НАТО, во состав: Драган Ковачки, шеф на Делегацијата и Беким Сали член, присуствуваше на 107. Рос-Рот Семинар, што се одржа во Брисел, Белгија од 14 до 15 јули 2025 година, во организација на ПС НАТО и Европскиот парламент.

Ова е прв Рос-Рот Семинар на ПС НАТО, чиј домаќин е Европскиот парламент, со единствена цел да се зајакне и промовира потребата од заеднички и координиран пристап во справувањето со предизвиците и ризиците со кои се соочува денешнината, а кои се закана за демократскиот свет.

Воведни обраќања на семинарот чиј главен фокус беше „ЕУ – НАТО соработка: Суштинско партнерство и отпорност на демократијата“, имаа Салваторе Ди Мео, кој е шеф на Делегацијата на Европскиот парламент во ПС НАТО; преку видео обраќање се обрати претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола; потоа Маркос Перестрело, претседател на ПС НАТО; како и амбасадорот Жак Пителуд, шеф на Мисијата на Швајцарија во НАТО.