Реклама
Македонија

Ковачевски: „Топловодот од РЕК Битола ќе биде готов  до 2025/2026, а Комбинатот допрва ќе се преориентира од јаглен на други видови на енергенси“

РЕК Битола, согласно зелената европска транзиција, до 2030 година треба од употреба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

РЕК Битола, согласно зелената европска транзиција, до 2030 година треба од употреба целосно да го исфрли јагленот. Премиерот Ковачевски, оптимист. Вели, тоа немало негативно да се одрази ниту на актуелната изградба на топловодот кон Битола, а кој треба да биде готов до 2026 година, ниту пак на работата и иднината на Комбинатот. Уверува дека веќе се воделе и преговори со познат американски гигант за трансформација на РЕК Битола од Електрана на јаглен во Електрана на природен гас.

  „Со оглед на тоа што во РЕК Битола постои инфраструктура, трафостаници и комплетна мрежа за да може да биде инсталирано производството на електрична енергија од друг енергенс, пред се мислам на гасот, нема да претставува проблем да се направи таа транзиција, и дополнително, на старите наоѓалишта на јаглен ќе бидат инсталирани фотоволтаични централи кои што ќе дадат дополнителна електрична енергија, а за што проектите веќе се финансирани од ЕБОР и од КФВ- банката од Германија“, – кажа Димитар Ковачевски, претседател на Влада.

  Според него, за таа цел, годинава било завршено гасоводното поврзување на Битола со гасоводната мрежа до објектот во Жидилово, кој практично бил единствената точка за прием на гас во земјава.

Реклама

  Запрашан за тоа дали ќе имаме време за период од само 7 години успешно да ја направиме таа транзиција во РЕК, а на што земјава е обврзана со Парискиот договор, премиерот не одговори конкртено. Но, затоа  не изостави да се пофали дека оваа власт за 50 проценти го намалила увозот на електрична енергија што се должело на зголеменото производство на електртична енергија во РЕК Битола и на успешното менаџирање. Тој не заборави пак да направи споредба и  со претходната власт за која рече дека за цели 11 години биле изградени само 16 мегавати обновливи извори на енергија, а додека сега, само во мандатот на оваа Влада, веќе на мрежа биле над 450 мегавати, кои до крајот на годината ќе достигнеле до 600 мегавати. 

https://youtu.be/IpNGWKrDOaA
Каролина Дурло