Реклама

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

И покрај деструктивноста на опозицијата, продолжуваме со реформите, потенцира Мицкоски

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Собранието оддаде почит на жртвите од Сребреница

Побрз транспорт на стока во ЕУ преку Хрватска

ВМРО-ДПМНЕ фрли ракавица на СДСМ и Левица: Ќе прифатат се што ќе понуди опозицијата, само да гласа дијаспората

Македонија

„Ковачевски никогаш не излегол на избори и затоа не го знае изборниот процес“ – Мицкоски уште еднаш апелираше на споени избори

СДСМ и ДУИ да го одредат датумот за избори, а ВМРО-ДПМНЕ ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ и ДУИ да го одредат датумот за избори, а ВМРО-ДПМНЕ ќе го прифати таквиот предлог. Владејчките партии да престанат да прават политички калкулации кога да се одржат претседателските а кога парламентарните избори – да седнеме и да се договориме сите политички партии за да се скратат дополнителни трошења од државната каса – лидерот на опозиција Христијан Мицкоски, со нов апел до власта за средба. На вчерашниот повик на премиерот Ковачевски, опозицијата да испрати претставник во работната група  во Министерството за правда, Мицкоски вели, дека македонското Собрание е местото каде што се носта одлуки за распуштање на пратеничкиот состав и за распишување на избори.

  • Никогаш министерството за правда не закажува дати за избори. Јас го разбирам Димитар Ковачевски, тој е поставен за вршител на должноста претседател на владата, уште некое време ќе ја врши таа должност, нема изборно искуство, нема претходно искуство во овие процеси и можеби во овој занес да глуми мачо политичар влегува во еден севдах кој што, навистина, никој не го разбира, ниту јас, ниту било кој политичар, ниту пак меѓународната заедница. Партијата е подготвена, да договорат датум за претседателски избори во прв круг и претседателски и парламентарни избори во втор круг. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е дека нема потреба да трошиме дополнителни милиони народни пари поради математиките и политичките калкулации на веќе поразените политичари, дел од Владата на ДУИ и СДСМ. Оној датум кој што тие ќе го одберат, ние ќе го поддржиме. Подготвени сме да разговараме уште денеска“, рече Мицкоски.

Во однос на измените на кои се работи во Изборниот законик, Мицкоски вели дека кога ќе стигнат до собраниска процедура, таму преку пратениците, ВМРО-ДПМНЕ ќе се произнесе по добиените предлози.

Од друга страна, во пресрет на 4-дневната посета на Западен Балкан на претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон Дер Лајен, Мицкоски со очекувања дека ќе бидат тргнати сите условувања и барања за Македонија на евроинтегративниот пат како што тоа било пракса досега за сите земји членки.  

Реклама
  • Па да бидеме чесни очекувам претседателката на Европската Комисија Урсула Фон Дер Лајен дека ќе излезе со позиција дека Македонија ќе добие безусловен почеток на преговорите со ЕУ и дека без дополнителни условувања со кои што е соочена нашата држава ќе ги отпочнеме преговорите, иако сум свесен за многуте недостатоци кои што ги имаме на домашен план поради неработењето на корумпираната влада на СДСМ и ДУИ“, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Во пресрет на посетата на Фон Дер Лајен, во чиј фокус се очекува да бидат уставните измени, како дополнителен проблем се јавува несогласувањето на власта и опозицијата за датумот на изборите, како и тоа, дали да бидат одвоени или да се одржат истовремено.

Викторија Миткова