Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Македонија

Костовски: ВМРО-ДПМНЕ го врати достоинството на државата со сериозниот пристап и со новата поставеност

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски во гостувањето на Алфа телевизија дискутираше…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски во гостувањето на Алфа телевизија дискутираше за резултатите на Евростат кои покажуваат дека Македонија станува четвртата економија во Европа.

Костовски истакна дека со сериозниот пристап и поставеноста на институциите, државата прави плодна почва за подобрување на економските процеси како резултат на квалитетната поставеност која доведува до движење на државата во правилна насока.

„Сметам дека за разлика од пред година време, сега имаме Влада. Мислам дека и те како се забележува сериозноста на водењето на државата којашто ја наметна оваа Влада. Го вративме за почеток достоинството на државата, со сериозниот пристап и со новата поставеност пред сè на институциите на државата, правите квалитетна почва за подобрување на било кој економски процес, сериозноста и новата квалитетна поставеност на институциите во системот сметам дека направија една почва каде што може економијата да оди во нагорна линија и тоа ќе биде така сè додека е ВМРО-ДПМНЕ е предводник на оваа власт“, рече Костовски.

Реклама

Градоначалникот исто така посочи дека за време на владеењето на СДСМ немало ден да помине без скандал, додека со новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ се покажува суштинска разлика за тоа како треба да се води една држава.

„Немаше ден да помине а да нема политички скандал кога СДСМ имаше централна и локална власт и потоа дојдоа нов тип на луѓе пред сè коишто добија доверба од страна на граѓаните, бевме навикната СДСМ да прави толку многу скандали за да сега поставуваме прашања година дена нема скандал, во таа смисла сме на добар пат да покажеме суштинска разлика како држава од тоа за жал од се тоа што сме биле до сега“, рече Костовски.

Костовски истакна дека е голема чест да се добие можноста за кандидат на Општина Бутел по втор пат, и нагласи дека Владата издвојува сериозни средства за поддршка на општините.

„Голема чест е тоа што излегов како човек којшто ќе добие можност втор пат да истрчам и одговорност е, голема благодарност до органите на партијата што одлучија така и секако до претседателот на партијата што ја стекна таа доверба во мене како градоначалник и сега ми даде нова шанса. Предност во сето ова е што Владата за прв пат во историјата на Македонија одвојува сериозни средства за да ние можеме да се почувствуваме вистински како градоначалници“, објасни Костовски.

Во однос на локалните избори, Костовски најави голема победа во сите општини.

„Ќе победиме и во тие општини каде што СДСМ традиционално наназад победувало, таа огромна победа ќе донесе и многу повеќе одговорност, ниту малку да не наликуваме на тоа што СДСМ го правеше во времето кога имаше и централна и локална власт, кога буквално се аздисуваше“, дециден е Костовски.