Реклама

Лекарската комора два месеци “обезглавена” – лекарите бесни бараат нов претседател

Селата кај Штип одбранети, огнот ставен под контрола

Скопје доби градски воз: Условите на првата делница од Зелениково до железничката станица европски

Бугарската полиција слепа пред Симеон Михајлов: Осуден за обид за убиство во Македонија, а слободно шета низ Софија

Јаневска: резултатите од реформите ќе се видат за пет до шест години години

13-годишникот кој со нож прободе врсник нема кривично да одговара, неговиот постар брат оди во притвор

Ниту еден човечки живот, ниту еден изгорен дом – пожари имаше, но Македонија годинава куртули од катастрофа

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Македонија

Косовската претседателка Османи и нејзиното обезбедување виновни за скандалот на аеродромот

Претседателката на Косово, Вјоса Осамни, нејзиното обезбедување и протокол се тие кои…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката на Косово, Вјоса Осамни, нејзиното обезбедување и протокол се тие кои се виновни за дипломатскиот скандал на скопскиот аеродром, кога одбиле да го предадат телефонот и рачниот багаж за да поминат преку рентген апаратот пред патниците да влезат во авионот за Љубљана. Од ТАВ Македонија ги демантираат наводите од кабинетот на претседателката на Косово, Османи дека нивен вработен се обидел да и го одземе телефонот.

„Виенската конвенција за дипломатски односи ги ослободува од безбедносен преглед само официјалните гости на Владата на Македонија, а операторот на аеродромот добива официјално известување за таквите изземања од Министерството за внатрешни работи. Насоките што ги доби нашиот Оддел за обезбедување од страна на Одделот за заштита на одредени лица и објекти јасно кажуваат дека членовите на делегацијата мора да поминат стандардна безбедносна проверка во согласност со утврдените процедури“ – велат од ТАВ.

Од ТАВ Македонија, додаваат дека има исклучоци од стандардниот безбедносен преглед, но овојпат тоа не било случај, затоа што тоа важело само за официјалните гости на Владата на Македонија, за што операторот на аеродромот добива официјално известување од МВР. Насоките за Османи биле дека членовите на делегацијата на Османи морале да поминат стандардна безбедносна проверка.

Реклама

Имено, претседателката на Косово не била во официјална посета на земјава, туку само транзитирала пред да фати авион за Љубљана. Барањето на службеникот предизвикало жестока реакција од страна на обезбедувањето на Османи, а половина час подоцна и од обезбедувањето на Африм Гаши, спикерот на македонското Собрание. На крај багажот го поминал скенерот и авионот полетал со задоцнување.

Од кабинетот на претседателката на Косово веднаш по инцидентот упатија сериозни обвинувања кон ТАВ Македонија, а наводниот напад кон претседателката, го сметаат како напад кон Косово. Оттаму велат дека однесувањето на македонскиот аеродромски службеник е спротивно на секоја меѓународна практика, според која, шефовите на држави кога патуваат се заштитени со дипломатски привилегии и имунитети. Беким Купина, советник за медиуми на косовската претседателка Османи вели дека вработениот од ТАВ се обидел физички да ја турне претседателката, а останатиот аеродромски персонал ѝ ја одзел и чантата, што било спротивно на правилата. Дополнително, вели дека ТАВ намерно го пролонгирал летот кон Љубљана за еден час, иако за тоа немало никаква причина.

„ Ваквото однесување на македонскиот аеродромски службеник е спротивно на секоја меѓународна практика, според која, шефовите на држави кога патуваат се заштитени со дипломатски привилегии и имунитет. Од безбедносни причини, не е дозволено предавање на личниот телефон на кој било начин. Арогантното и насилничко однесување на службеникот на скопскиот аеродром е без преседан и никогаш не се случило на ниту едно патување на претседателката никаде во светот“ – вели Беким Купина, советник за медиуми на косовската претседателка Османи.

Од кабинетот на собранискиот спикер, Африм Гаши соопштија дека членови на неговиот безбедносен тим биле присутни само за да помогнат да се расчисти недоразбирањето меѓу обезбедувањето на претседателката на Косово, Вјоса Османи и припадниците на аеродромското обезбедување.

„Jас само интервенирав во делот да се смират ситуациите, да не се направи дипломатски инцидент, и мислам дека се заврши како што треба. Aко некој ги пречекорил своите овластувања, секако секој кој и да го направил тоа, треба да одговара“ – рече Гаши.

Од МВР го потврдија инцидентот меѓу вработените од ТАВ и обезбедувањето на Османи, како и вмешувањето на лица од тимот на Гаши. Велат дека веднаш бил известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и во координација со ОЈО за ГОКК се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.