Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

Кошта во Скопје: Иднината на Македонија е во Европската Унија

Европската унија има разбирање колку досега има направено Македонија, но тоа што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Европската унија има разбирање колку досега има направено Македонија, но тоа што е договорено е договорено. Доста ние како држава направивме за тие европски интеграции, патот е фрустрирачки, а уште не ни почнат. Престедателот на Европскиот Совет, Кошта и премиерот Мицкоски се согласни дека местото на Македонија е во ЕУ, но двајцата имаа различен пристап како да се стигне до таму. 

Според Кошта, Унијата разбира дека Македонија направила многу – променила знаме, име, го менувала неколку пати Уставот, и за тоа постои разбирање, посебно кога сега се бараат гаранции дека уставните измени ќе бидат последниот услов. Но тоа што било договорено во 2022 година треба да се испорача.

Не треба да го потценуваме планот А и мора да се фокусираме на неговото исполнување. Знаеме какви се Копенхашките критериуми,  заклучоците на Европскиот совет и што е договорено, мора да го испорачаме тоа. Сфаќам кога премиерот вели дека веќе е променето знамето, името на државата, направени се уставни измени и дека треба да бидеме сигурни дека нема да дојде некој и да бара нешто ново од претходно договореното, рече Кошта.

Реклама

Според премиерот Мицкоски, тоа што го потпишала предходната влада на СДСМ и ДУИ во 2022 година е направено со суспендирање на парламентот, а оваа влада тоа не може да го прифати без да се види добра воља и пред Бугарија да почне да ги исполнува своите услови од договорот. Според него, процесот е двонасочна улица, и ако едната страна континуирано испорачува, а другата не, тогаш тоа нема цел.

Никој нема проблем во земјава да ги ставиме Хрватите, Словенците во Уставот, дури и Португалци и Шпанци, ние немаме пролем со луѓето. Но во овој случај имаме проблем, ако едната страна постојано прави отстапки, а другата не, не може да се оди напред. Очекуваме ова да е двонасочна улица, ние нправивме многу отстапки, за сите патот е тежок, но за нас е најтежок. Оваа порака ја слушаме долго време и ќе продолжиме да ја слушаме, го имаме истиот став. Никогаш нема да го прифатам то што го потпиша претходната влада, не можам да излезам пред граѓаните и да им кажам дека уставот ќе биде семет, а Бугарија да не ги имплементира пресудите на Европскиот суд. Кога ќе имаме чиста позиција од ЕУ и од сите членки во врска со идентитетот и јазикот тогаш ќе разговараме за се. Дали некој се прашува зошто Македонците не се бунат за Хрватите и Словенците да влзат во уставот, имаат проблем само со внесувањето на Бугарите, рече Мицкоски.

Спред високиот европски гостин, Владата во поглед на рефрмската агенда постигнала голем напредок, со што уште еднаш докажала дека иднината на Македонија е во блокот.

Кошта се сретна и со претседателката Гордана Сиљановска Давкова

Во петок во Тирана, Кошта ќе биде кодомаќин на шестиот самит на Европската политичка заедница (ЕПЗ). Самитот на кој ќе присуствува и премиерот Мицкоски ќе се фокусира на безбедноста и иднината на Европа.