Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

Координативен состанок на Групата за политики за статистичка соработка

Пристапните преговори и интегрирањето на земјите кандидати за членство во Европската унија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пристапните преговори и интегрирањето на земјите кандидати за членство во Европската унија зависат од силни и ефективни национални статистички институции, велат од Статистика.

Во Струга денес завршува дводневниот состанок на Групата за политики за статистичка соработка на земјите кандидати за членство во Европската Унија, на која, во присуство на високи претставници на Евростат и на Директоратот за проширување на Европската комисија, се дискутира за предизвиците пред кои се наоѓаат статистичките институции на земјите-кандидати и нивната клучна улога во процесот на преговори за пристапување во Европската Унија.

Претставниците на Евростат ги презентираа најновите измени во Регулативата 223/2009, а една од најважните е онаа која предвидува статистичките институции да имаат пристап до административни извори на податоци и приватни збирки на податоци што овозможува тие да станат побрзи и поефикасни во производството на постоечките статистики, но и во производството на нови, експериментални статистики со што би се одговорило на сè поголемите и посложени потреби на корисниците. Воедно, измените во Регулативата им овозможуваат на статистичките институции да имаат клучна улога во националните рамки за управување со податоци.

Реклама

На состанокот се дискутираше и за идната рунда на партнерски оценувања и беше усвоена методологијата по која ќе се спроведуваат партнерските оценувања во земјите кандидати во периодот 2025-2027.

Претставниците на статистичките институции на земјите кандидати за членство во ЕУ ги презентираа своите најдобри практики и искуства и разменија мислења за што поголема и посеопфатна соработка со цел справување со предизвиците на најефикасен можен начин.

Домаќинот на состанокот, Државниот завод за статистика, ја презентираше сегашната состојба на институцијата и плановите за натамошен развој, а исто така ја претстави и и координативната улога што ДЗС ја има во Националниот статистички систем.