Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Контроверзниот прв братучед на екс-премиерот Зоран Заев, милионерот Трајче со семејството заминува за Австрија

Братучедот на поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Трајче Заев сосе семејството…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Братучедот на поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Трајче Заев сосе семејството се иселиле од државата. Неофицијално, како дестинација за почеток на новиот живот ја избрале Австрија и уште на стартот од оваа школска година децата биле испишани од училиште.  Алфа, од родители на ученици кои учеле со едно од децата дознава дека деветодделенката ,при збогувањето со своите сокласници била тажна бидејќи ќе ја напушти родната Струмица. Директорката на основното училиште„Никола Вапцаров„ не сакаше да коментира, со образложение дека поради здравствени причини е отсутна од работа и не може да провери дали има и во кој месец е направен исписот..

 Трајче Заев, освен по тоа што е братучед на поранешниот премиер и лидер на СДСМ Зоран Заев, на јавноста е познат и по низата скандали кои се поврзуват со неговото име. Минатата година, фирма во негова сопственост  поради неплатено ДДВ во висина од 2 милиони евра се најде на листата  топ десет најголеми должници  на Управата за јавни приходи.

Пред три години пак  името на Трајче Заев, се поврзуваше и со  акцијата на ДЕА, во која беа запленети 200килограми канабис, вреден 800.000евра. Во акцијата беа уапсени командирот на прилепската полиција и личниот возач на Трајче Заев, Александар Ушликовски. Тогаш лидерот на СДСМ го правдаше својот братучед  и демантираше било каква поврзаност  со нивните фирми.

Реклама
  • „Мојот братучед Трајче Заев имаше јавен коментар за ова. Јас разговарав со него.Лицето Александар, не му го знам презимето не е вработен  во семејните фирми на Заеви, ниту пак комбето е во сопственост на фирмите на Заеви “ изјави Зоран Заев на 12април 2021.

Лани албанската телевизија “Ора“, објави дека Трајче Заев, со кодирани пораки се обидувал да спречи објавување на аудио разговори во кои имало докази дека државни функционери од СДСМ и ДУИ саботирале акции на странски агенции за сузбивање на шверц на марихуана. Единствена потврда за акција на странска агенција  во нашата држава е онаа на ДЕА на Плетвар.

Инаку Трајче Заев, се прослави и со својот „мајбах„ од 300.000евра  кога го  паркираше на пешачкин премин во Скопје, додека пазаруваше во „Хуго Бос“.