Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Конгрес за обединување на Вреди во еден политички субјект

Политичката коалиција „Вреди“ денеска во Скопје ќе одржи Конгрес за обединување на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Политичката коалиција „Вреди“ денеска во Скопје ќе одржи Конгрес за обединување на петте политички субјекти во едно политичко тело. 

Процесот на обединување на партиите од коалицијата, која е дел од владејачкото мнозинство,  треба да биде потврден од над 805 делегати на конгресот што ќе се одржи попладне со почеток во 17 часот во Филхармонија.  По регистрацијата на делегатите предвиден е свечен дел со обраќања на домаќините и гостите, по што следуваат изјави од лидерите на Вреди и работен дел на конгресот, најави Комисијата за организација на Конгресот за обединување на Вреди. 

Од „Вреди“ вчера на прес-конференција порачаа дека оваа промена претставува чин на одговорност кон граѓаните и доказ дека заедничкиот интерес може да се стави над теснопартиските приоритети.

Реклама

– Нашата политичка платформа  се базира на десноцентристичка ориентација со фокус на реална еднаквост на Албанците во институциите, правна држава, бескомпромисна борба против корупцијата и суштинско спроведување на Охридскиот рамковен договор, рече на прес-конференција претставникот на „Вреди“, Дритон Сулејмани.