Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Македонија

Конференција за обновливи извори – МАРЕС 2025

Се одржа третата конференција „МАРЕС 2025 – Структурирање на иднината на обновливата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се одржа третата конференција „МАРЕС 2025 – Структурирање на иднината на обновливата енергија“, на која присуствуваа повеќе од 140 учесници од 10 земји. Настанот го организираше МАРЕС (Македонско здружение за енергија од обновливи извори).

Конференцијата ги обедини клучните институции од енергетскиот сектор, дипломатски претставништва, оператори на преносни системи, приватни компании, меѓународни организации и експерти од индустријата. Фокусот беше ставен на техничките и регулаторните реформи потребни за поефикасна интеграција на обновливи извори и одржлива трансформација на енергетските системи во регионот.

За време на настанот се одржаа четири панел-сесии, посветени на предвидливите инвестициски модели, стабилноста на пазарот, развојот на паметни мрежи, дигитализацијата на системите и улогата на батериските капацитети во обезбедување поголема флексибилност. Посебен акцент беше ставен на механизмот за договори за разлики (CfD) како инструмент за поддршка на инвестициите, како и на Европскиот механизам CBAM и неговото влијание врз индустријата и енергетскиот сектор.

Реклама

Во дискусиите беше потенцирано дека планирањето само по себе веќе не е доволно. Наместо планови кои остануваат на хартија, потребно е прецизно прогнозирање, реални податоци и флексибилни модели кои овозможуваат навремено реагирање во динамичен енергетски систем.

Организаторите нагласија дека неопходно е зајакнување на институциите, развој на модерни дигитални системи и градење кадар подготвен за техничките и регулаторните предизвици на забрзаната енергетска транзиција.

МАРЕС продожува и понатаму да се залага за развој и примена на обновливи извори, заштита на животната средина, унапредување на енергетската стратегија и поттикнување на инвестиции во секторот, со цел поддршка на одржлива трансформација на енергетскиот систем во Македонија.