Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Прилози

Конечно обвиненија за случајот „Онкологија“: Обвинети екс-директорот Нино Васев и уште пет други лица

За некој немало воопшто терапија, на други им се препишувала зголема доза,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За некој немало воопшто терапија, на други им се препишувала зголема доза, а не ја примале. На Онкологија свесно ги оставале болните да ги изеде ракот. Тројца лекари и екс директорите Нино Васев и Нехат Нухи, правеле малверзации на сметка на кревкото здравје на онколошките пациенти, за сопствена корист.  Обвинителството  поднесе две обвиненија за најголемиот скандал во македонското здравство. Петмина обвинети во два предмети, првиот за финансиските злоупотребите со биолошката терапија на Клиниката за онкологија, а вториот за третманот на пациентите и несооодветната терапија која ја примале.

Ексдиректорот Нино Васев е обвинет во двата случаи, и како директор и како лекар на Онкологија. Според обвинителството, од 2018 до 22-та, Васев како медицински и организацискиот директор Нехат Нухи, организирано набавувале лекови на реверс, без да постои правен основ за тоа, потоа правеле постпаки за јавни набавки, кои биле беспредметни, бидејќи добавувачите ги фактурирале претходно добавените лекови. Со злоупотребите го довеле во заблуда Фондот за здравствено осигурување да изврши незаконита исплата.

„Откако со свои потпис ќе го потпишел и одобрел лекот, фиктивно ги раздолжувал, не ги аплицирал на пациентите во чие име било требувани. И така постои разлика помеѓу требована разлика и раздолжена количина на пациенти од 2 милиони денари. Ова е констатирано кај девет пациенти. Медицинскиот директор користејќи ја неусогласеноста на издадените лекови од аптека и примени лекови во организационите едници на клиниката, каде бил одговорен организацискиот директор – присвоил дел од лековите кои Клиниката требало да ги има на залиха“ рече Ана Гоговска-Јакимовска, обвинителка во случајот „Онкологија“.

Реклама

Според второто обвинение, четворица лекари онколози а помеѓу нив и ексдиректорот Васев, се товарат дека им давале терапија на пациентите, а знаеле дека немаат никаква корист од неа и дополнително го влошувале нивното здравје. Со вештачења е утврдено дека кај 29 пациенти биле лекувани несоодветно, а на 16 пациенти, пак обвинетите им давале непотребно терапија.

„Другите двајца лекари се обвинети за несовесно лекување болни, бидејќи врз основа на медицинските истории, се утврдува дека одредувале лекови од новите генерации, во фаза кога било очигледно дека пациентот нема да има корист поради лошиот статус, без да се наведе висината и тежината на пациентот, со отстапување од дозирањето, со што дополнително ја влошиле нивната состојба“, додаде обвинителката Гоговска-Јакимовска.

Причината за долгото траење на истрагата според републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски е поради тоа што не можеле да најдат независни вештаци кои ќе можат да ги направат потребните вештачења. Штетата на државата се проценува околу 36 милиони евра, а имотната корист со која се стекнале е речиси 7,2 милиони евра. Според обвинителството, истражните дејствија ќе продолжат и доколку соберат докази и за други лица кои учествувале во злоупотребите на Клиниката, уверуваат обвинителите.