Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Прилози

Ќе се враќа функционалноста и сјајот на Универзалната и на Спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Нови, надежни ветришта започнуваат да дуваат за враќањето на функционалноста и сјајот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нови, надежни ветришта започнуваат да дуваат за враќањето на функционалноста и сјајот на двете прилепски спортски сали, Универзалната и „Македонија“, кои со децении чмаат празни во својата тажна запоставеност. Градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески и новиот министер за спорт, Борко Ристовски веќе одржаа средба на која конкретно е разговарано за постоечката спортска инфраструктура во еден од некогаш најспортските градови дури и во бивша Југославија.

Со голем оптимизам очекуваме дека преку новоформираното Министерство за спорт, ќе успееме заеднички да најдеме начин и да пуштиме во употреба барем една од овие две сали во најскоро време, кои за жал, во овој мимент се нефункционални за нашите спортски клубови и спортисти, иако многу пати реагиравме и до претходната централна власт. Наша заедничка цел е да ги подобриме условите и да го вратиме достоинството и успесите на прилепските спортисти“, напиша градоначалникот Борче Јовчески на социјалните мрежи.

Овие две спортски сали, со години се рак-рана на прилепчани, а особено на спортската јавност, заради што речиси редовно беа и предмет на политички и партиски ветувања, но и препукувања, особено Спортската сала „Македонија“. Најсвежото беше од 2017, кога тогашниот кандидат за градоначалник од СДСМ, а потоа и градоначалник на Прилеп, Илија Јованоски, вети целосна реконструкција на оваа спртска сала и нејзино прераснување во модерен Спортско-рекреативен центар, што не се случи, па така ова импозантно здание и ден-денес нестрпливо чека на реконструкцијата.  

Реклама

Во средината на 90-тите години оваа сала беше опожарена до темел. По неколку години, односно до 2000-та година беше и обновена, но оттогаш наваму таа сепак остана да зјае празна и запуштена, бидејќи и по повеќе од две децении – нема технички прием.

Инаку, Спортската сала „Македонија“ е во надлежност ЈП за стопанисување со спортски објекти, а додека Универзалната сала која УЈП му ја одзеде на Тутнскиот комбинат, е во надлежност  на ЈП АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор.

Каролина Дурло