Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Кон крајот на месецов јавна расправа за неколку закони на МОН, меѓу кои и за високо образование

Кон крајот на месецов ќе почне јавна расправа за неколку закони кои…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кон крајот на месецов ќе почне јавна расправа за неколку закони кои се изработени од телото што МОН го формираше за реформи во високото образоание. 

Како што соопшти денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска, нацрт-верзиите се готови, но поради изборите и, како што рече, за да не се сфати тоа како притисок, не биле ставени на ЕНЕР или на јавна дискусија. 

-Телото за реформи во високото образование интензивно работеше целата мината година, не како целина, туку  поделено во групи. Тоа тело сериозно ја сработи својата работа  за што јас сум им благодарна и веројатно кога ќе излеземе со сите овие продукти, веќе готови, ќе имаме уште  седница да се заблагодариме едни на други. Првенствено она што го направија беше да работат на Законот во високо образование. Потоа, заедно со членови од Националниот совет, работеа на Законот за наука и истражување и конечно го сработивме и Законот за квалитет во високото образование. Веројатно до крајот на месецот, последните денови од овој месец, веќе ќе ја почнеме јавната расправа, изјави Јаневска пред почетокот на конференцијата „Градење иднина – практични вештини за новата генерација“.

Реклама

Посочи и дека членови од истата група во меѓувреме работеле и на Законот за ИНОВА (Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво) и работат на Законот за образовната програма Еразмус плус.

-Инаку, луѓето работат про боно и работат исклучително квалитетно и макотрпно, денови и денови поминуваат на факултетите и во Министерството до доцна навечер за да направиме квалитетни закони, додаде Јаневска.

Во рамки на активностите за реформи во високото образование се и контролите на високообразовни институции кои имаат акредитација за работа. Поради незаконско работење и непостапување по забелешки од просветните инспектори, досега се затворени 14 приватни научни институти и еден приватен факултет.