Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Економија

Комисијата за финансирање и буџет одлучи да организира јавна расправа по предлогот на Закон за игрите на среќа и за забавните игри

Членовите на Комисијата за финансирање и буџет на денешната шеесет и седма седница едногласно одлучија да се одржи јавна расправа по Предлог законот за игрите на среќа и за забавните игри, а терминот на одржување дополнително ќе биде соопштен. Собраниската комисија денеска ја разгледа единствената точка на дневниот ред која беше предложена, одлуката за одржување […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Членовите на Комисијата за финансирање и буџет на денешната шеесет и седма седница едногласно одлучија да се одржи јавна расправа по Предлог законот за игрите на среќа и за забавните игри, а терминот на одржување дополнително ќе биде соопштен.

Собраниската комисија денеска ја разгледа единствената точка на дневниот ред која беше предложена, одлуката за одржување јавна расправа за предлог-законот. Членовите на комисијата немаа предлози за изменување и дополнување на дневниот ред,   го усвоија  со 10 гласа „за“, без против и воздржани.

– До Комисијата за финансирање и буџет односно, до мене како претседател се стигнати три барања за одржување на јавна расправа по предлогот на законот за игри на среќа за забавните игри, една од пратеничката група на СДСМ, едно е од Асоцијацијата на приредувачите на игрите на среќа, АПИС и третото барање е од страна на групацијата на игри на среќа коишто се во рамки на Стопанската комора на Македонија-рече претседателката на комисијата, Сања Лукаревска.

Реклама

Точката беше усвоена со десет гласа „за“, без „против“ и „воздржани“.

– Констатирам дека Комисијата за финансирање и буџет донесе одлука за одржување на јавна расправа по предлогот на Закон за игрите на среќа и за забавните игри. За денот и времето на одржување на јавната расправа дополнително ќе бидете известени – кажа Лукаревска.