Реклама

Мицкоски: Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство

Прилепчани оперирале од Халкидики до Мадрид

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Македонија

Кој е шеф на Илинденска бр. 2? Тимот на Ковачевски е како раштиман оркестар без диригент

Кристина Алексиеска Премиерот нема влијание врз министрите. Ова може да се заклучи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кристина Алексиеска

Премиерот нема влијание врз министрите. Ова може да се заклучи од одговорот на Димитар Ковачевски, прашан за спорно вработување на сопругата на координаторот на советничката група на СДСМ во СВР Битола.

Реклама

За вработување во министерствата ќе мора да разговарате со релевантните министерства и нивните служби, јас и мојот кабинет немаме никакво влијание , одговори Премиерот .

Ова ниту е прво партиско вработување, а ниту пак прв пат премиерот да не знае што се случува во  министерствата. Пред неколку месеци, Ковачевски не знаеше колку ќе чинат хонорарите на членовите на работната група за уставни измени.

Хонорарите тоа ќе треба Министерство за правда да го определи, на каков начин ќе биде согласно закон и правилници. Кога ќе биде направено ќе биде соопштено, порача тогаш Димитар Ковачевски

Премиерот не знаеше што ќе направи министерот за образование за спојувањето на наставни предмети во еден

Јас би сакал заедно со министерот за образование да ви одговориме и со оние кои се задолжени за изработка на наставните програми, со оглед на тоа дека има стручни делови кои треба да се објаснат бидејќи не би сакал да навлегувам во стручна експликација на нешто што го потговуваат стручни лица бидејќи одговорот сигурно има суштина, тоа сакам да го направам со нив, рече Димитар Ковачевски, премиер на Македонија.

Во јавноста неретко се добива впечаток дека министрите меѓу себе воопшто и не комуницираат. Таков беше случајот со спојувањето на концесиите Иловица – Штука кога министрите кренаа рака „ЗА“ а после кажаа дека министерот, а економија им го подметнал решението.

Различни се ставовите и околу можните нови блокади на европскиот пат. Ковачевски секојдневно не убедува дека само Бугарите во Уставот се доволни за непречен пат кон Европа, додека дел од другите министри, чиј шеф е токму Ковачевски јасно порачуваат дека сепак мора да се зафатиме повеќе и на домашните задачи, односно борбата со корупцијата и владеењето на правото, развитокот на економијата, кои се клучните сегменти на патот кон ЕУ.