Москва ја условува можната директна средба меѓу украинскиот и рускиот претседател со патување на Володимир Зеленски во руската престолнина, објави „Киев Индепендент“. Помошникот на Кремљ, Јуриј Ушаков, изјави дека доколку украинскиот лидер сака разговор лице в лице со Владимир Путин, тоа треба да се случи во Москва, при што, како што нагласи, руската страна е подготвена да му гарантира безбедност и соодветни услови за работа.
Во меѓувреме, дипломатските активности продолжуваат. Следната рунда разговори, во кои треба да учествуваат претставници на Украина, Русија и Соединетите Американски Држави, се очекува да се одржи на 1 февруари.
