Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Прилози

Ќерката на убиениот Панче: Не знаевме ништо, сега слушаме за деталите

10 дена агонија, без никаква информација дали Панче Жежовски е жив или…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

10 дена агонија, без никаква информација дали Панче Жежовски е жив или мртов. Ќерката на 74 годишниот пензионер од Велес за Алфа раскажува дека дури сега ги дознаваат деталите за грабнувањето и убиството на нејзниот татко. Неговото исчезнување беше во сенка откако целото внимание на јавноста беше насочено кон случајот со младата ученичка.

  • „Не знаевме. Сето ова што го слушаме е ново за нас. Не знам ништо и не можам ништо повеќе да ви кажам. Јас колку што знам, татко ми немал закани и притисоци во минатото – изјави Македонка Жежовска за Алфа ТВ.

Македонка два дена по исчезнувањето на нејзиниот татко преку социјалните мрежи побара помош тој да биде пронајден. Таа тогаш објавни фотографија и од него, но и од автомобилот Ситроен за кој подоцна се испостави дека бил употребен за киднапирањето на Вања.

Според полицијата и обвинителството Панче бил убиен оти должел околу 500 евра, но и за да му биде одземен автомобилот.

Реклама

Откако билa убиена Вања, возилото на Панче било полиено со бензин и запалено, а од полицијата велат дека знаеле и кој го набавил бензинот и од која бензинска пумпа.

Пензионерот Жежовски беше грабнат на 22 ноември од својот дом, два дена пред неговата ќерка да го пријави како исчезнат. Убиен е и закопан на патот Велес – Скопје.ж

Никола Цветкоски