Реклама

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Нема да има предвремени избори! – Гаши се потпира на своето „шесто сетило“ во својата политичка процена

Нови строги правила на ЕУ: Кос предлага новите членки да немаат право на вето, со ризик за суспензија на гласот и скратени финансии

Уапсен кумановски лихвар и насилник – Закани со колење на плоштад упатени кон премиерот Мицкоски

Мерките на Владата даваат резултати – дизелот поевтинува за два денари

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Македонија

Кедев: Партизираноста во здравството „во секоја болница и на секое ќоше“ е најголемиот виновник за колабирање на здравствениот систем

Ковид19 “пластично” ни ја прикажа состојбата во  македонскиот здравствен систем. Она што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ковид19 “пластично” ни ја прикажа состојбата во  македонскиот здравствен систем. Она што многумина го говореа по здравствeните ходници за партизираното здравство проф. д-р Сашко Кедев во гостување на Алфа го кажа јасно и гласно.

“Имаме големи експерти во медицината но тие се маргинализирани. Никогаш не се имале ваква партизација во здравството.Требаше да се тестира и да се изолираат кластерите, како во Словенија. Бевме сведоци на монтирање и демонтирање на шатори пред клиниката, а не слушнавме зошто починаа толку млади луѓе зошто нема излечени пациенти од респиратори. Треба да бараме одговорност од надлежните авторитети.” – објасни д-р Кедев.

До неодамна, за зголемената смртност од корона вирусот во земјава здравствените власти прстот го вперуваа во граѓаните, со образложение дека граѓаните доаѓале предоцна на лекар, д-р Кедев уверува во спротивното – граѓаните се најмалку виновни со справувањето со епидемијата.

Реклама

“Треба да се гледа неконзистентноста и конфузијата во здравствениот систем. Тоа е нашата реалност. Не може да очекуваме од граѓаните кои ја изгубија довербата во системот да бидат примарно одговорни за ова што ни се случува. Граѓаните гледаат дека пред извесен период беше прогласена победа над вирусот па потоа беа сведоци на неконзистентност во одлуките” – рече Кедев.

И додека ресорниот министер Филипче најави полош бран на есен што посилно и побрзо ќе се ширел. Кедев предупредува дека конфузијата што ја гледаме сега ќе ја гледаме и на есен, можеби од поголеми размери. Меѓу другото алармираше и за лошата економска состојба во земјата, односно дека  презадолженоста на државата ќе имала големо влијание врз здравствениот систем.

Ања Василева