Реклама

Мицкоски: Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство

Прилепчани оперирале од Халкидики до Мадрид

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Македонија

Ќе продолжи ли Анкетната комисија за онкологија со работа, по сознанијата дека канцер – мафијата таму уште е „жива“?

Многу прашања, малку одговри. Никој ништо не знаел за случувањата на онкологија.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Многу прашања, малку одговри. Никој ништо не знаел за случувањата на онкологија. Поранешни и актуелните министри во ресорот здравство, МВР, Малмед и Фондот за здравство ниту еден не даде конкретен одговор дали имале некакви сознанија за криминалите на Онкологија, и дали некој ќе понесе одговорност.  Анкетната Комисија најпрво побара отчет од поранешните министри за здравство Венко Филипче и Беким Сали, скандалозно за нив е тоа што како први луѓе во здравството не знаеле за КАТО системот.

“Јас сум дал предлог да се воведе като-системот?! Па, ако сум дал предлог тогаш ќе сум го имплементирал заради тоа што сум бил министер после тоа. Јас апсолутно не сум бил запознаен со ништо на клиниката до пред да станам министер”, – рече Венко Филипче, поранешен министер за здравство.

“За жал, во периодот додека бев министер за здравство немав информација за постоење на КАТО системот”, изјави екс-министерот за здравство Беким Сали.

Реклама

И покрај многубројните сведоштва на онколошки пацинети, дека сите наводни малверзации со терапиите се случувале во негово време,  сепак, поранешниот директор, Нино Васев имаше “ладно” сведоштво.  

“Не чувствувам морална одговорност, никој не ме штител оти не сум член на ниту една партија, а совеста ме натера да набавувам лекови на реверс за никој да не остане без лек” – истакна доктор Васев.

За разлика од Васев, актуелната директорка Клисаровска емотивно и низ солзи, сведочеше за очајната состојба во која е клиниката во моментот.

“Доколку се утврди вина истрагата кога ќе заврши, ве замолувам повторно да ми го поставите ова прашање”, вели Виолета Клисаровска, директор на Клиника за Онкологија.

Пред комисијата сведочеше и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Тој откри дека седум лица се осомничени и се водат истраги за нив, иако пак првиот обвинител не откри ни детал. Дури ја искара комисијата дека не требало да биде испрашуван.

“Јавниот обвинител ниту е експерт ниту може да биде повикан да сведочи за активна кривична постапка. Тоа го забранува Уставот, кој јасно ја дефинира поделбата на законодавна, извршната и на судската власт и ја гарантира самостојноста на јавниот обвинител како надлежен орган за кривичен прогон” – рече Јовески.

Кои веледрогерии вршеле увоз на биолошка терапија, колку контроли биле направени и какви неправилности утврдила Агенцијата за лекови? На овие прашања сегашни и поранешни директори на МАЛМЕД не дадоа конкретни одговори.

На последниот ден од Анкетната комисија претседателката Рашела Мизрахи порача – вистината за канцер-мафијата да се дознае и побара ова собраниско тело да не заврши со својата работа, туку да бидат продолжени нивните надлежности. Барањето на Мизрахи доаѓа по наводи на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ дека на клиниката се уште има злоупотреби на грбот на најтешко болните.

“Овие нови сознанија за случувањата на Онкологија ја наметнува потребата да се испитаат сите нови информации и да се продолжи рокот на работата на комисијата и да се прошири опфатот на периодот на кој таа се однесува, вклучително и тековниот период од април 2023 година, на кој се однесува извештајот на ФЗО”, изјави Рашела Мизрахи, претседател на Анкетна Комисија.

Ако не биде продолжена работата на Анкетната комисија, ова собраниско тело има одреден рок да донесе заклучоци и да се утврди дали и кој треба да понесе политичка одговорност.

Ања Лукарова