Реклама

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Македонија

Касами го доби уверението за втор мандат, од изборните ветување тврди дека прво ќе биде реализиран бесплатен автобуски јавен превоз

Градоначалникот на Општина Тетово Биљал Касами денеска го доби уверението од Општинската…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Општина Тетово Биљал Касами денеска го доби уверението од Општинската изборна комисија со кое официјално го почна својот втор мандат.

Тој во изјава за медиумите изрази благодарност за 21 000 гласови добиени од граѓаните, а истакна дека ќе се заложи за реализирање на проектите кои ги вети во рамки на изборната кампања.

– На моите сограѓани им ветив дека ќе имаат бесплатен јавен превоз и тоа ќе биде реализирано. На првата седница на новиот состав на Советот на Општина Тетово ќе биде донесена одлуката тетовчани да имаат бесплатен превоз со што ќе придонесеме да имаме поуреден град, да се намали хаосот во сообраќајот, а исто така ќе придонесеме и да се намали и загадувањето, истакна Биљал Касами.

Реклама

Касами рече дека сите проекти коишто биле почнати пред изборите, ќе продолжат со реализација.

– Еден од проектите кој сакам да го спомнам е колектор на отпадните води заедно со филтер станицата во село Фалише, проект со над 40 милиони евра. Веќе сме во завршна фаза за избор на претпријатија, фирми, односно оператори кои ќе го реализираат тој проект, убеден сум дека во раната пролет веќе ќе бидат почнати градежните работи, рече Касами.

Според него, во наредните четири години ќе има нов циклус на развој на градот и на општината.

– Со тоа реализација на некои големи проекти мега проекти, како што е градски стадион кој веќе се гради кој во следните две години ќе биде завршен, заедно со многу други проекти, како што е изградба на училишта, изградба на патната инфраструктура, изградба на водоводна мрежа. Со овие проекти ќе докажеме и ќе ги убедиме и најголемите скептици дека во Тетово нема пред и после изборни проекти, значи ќе продолжат да се реализираат со иста динамика, истакна Касами.

Според него, со реализирање на споменатите проекти Тетово повеќе ќе личи на европските градови.