Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

Каракамишева за Алфа: Уставот јасно утврдува како и кога може да има избори

Рокот истече, заврши вонредната состојба во Македонија. Правните експерти предупредуваат дека уредбите…

Сподели:

Рокот истече, заврши вонредната состојба во Македонија. Правните експерти предупредуваат дека уредбите со сила на Закон повеќе не важат, односно од синоќа на полноќ. Професорката Тања Каракамишева во изјава за Алфа рече дека Уставот е јасен, а вклучително и за изборите кои можат да се одржат, но само со распишување на нова одлука со нов термин, односно 90 дена од сега.

Алармираат дека истекот на вонредната состојба ја враќа државата во јасни, уставни и законски рамки кои мора да се почитуваат.

Реклама

Професорката Гордана Силјановска Давкова пак, ја потсетува ДИК на членот 31 од изборниот Законик, според кој: „ ДИК се грижи за законитоста во подготовката и спроведувањето на изборите во согласност со овој Законик! Изборите нема да се одржат во вонредна состојба, туку во „нормална“, а во неа, вели нормално е да важи изборниот законик!

Го охрабрувам уставниот суд да иницира постапката за кршење на законската постапка од страна на ДИК, доколку реши да постапува спротивно на изборниот законик, а согласно уредбата со законска сила за прашања поврзани со изборниот процес и уредбата за дополнување на уредбата за законска сила за прашања поврзани со изборите!

Во меѓу време, Уставен суд вели дека важењето на владините уредби завршува со прекинот на вонредната состојба.

– Според член 126 став 1 од Уставот, „при постоење на воена или вонредна состојба Владата во согласност со Уставот и со закон донесува уредби со законска сила.“ Во ставот 2 од истиот член се определува дека „овластувањето на Владата да донесува уредби со законска сила трае до завршувањето на воената или вонредната состојба, за што одлучува Собранието.“

Уставниот суд утврди дека уредбите со законска сила донесени од Владата во вонредна состојба, не смеат да навлегуваат во другите правноуредени односи и траат само до завршувањето на вонредната состојба.

Доколку нема нов предлог до шефот на државата, тоа значи дека официјално по завршувањето датумски на 13 јуни е истечен рокот на последната одлука за вонредна состојба и предвремени парламентарни избори треба да има дефинитивно на 5 јули.

Борис Грујоски