Реклама

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Македонија

Кампањата се уште не е ниту започната- предизборниот поткуп во полна пареа?!

Кампањата се уште не е ниту започната, а веќе се забележуваат неколку…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кампањата се уште не е ниту започната, а веќе се забележуваат неколку примери каде има индиции за предизборни корупциски скандали, односно поткуп на гласачи кој според медиумите го спроведува власта. Последниот пример каде се појавуваат сомнежи дека владејачката СДСМ, ја злоупотребува моќта од позиција на власт, беа забележани во Прилеп. А она што претставува дополнително прекршување на законот е злоупотреба на државни ресурси во предизборни партиски цели.

Во тек на викенд, после работно време, на социјалните мрежи се појавија фотографии, на кои се тврди дека е фотографирано службено комбе на Јавната установа Дом за стари лица „Киро Крстевски- Платник“ од Прилеп. На нив се забележува како наводно активисти на СДСМ складираат вреќи  во еден од своите штабови, лоциран во населбата „Ѓогдере.“

Пред неколку дена индиции дека власта предизборно поткупува гласачи имаше и во Шуто Оризари,барем според видеото насловено „Организиран поткуп на гласачи од структури на МВР и пратеници од СДСМ“. На снимките се слуша како вработен во МВР собира податоци од Роми, на кои им ветува „хуманитарен пакет“ од 1.700 денари ако гласаат за Љатифе Шиковска, која е на пратеничката листа на СДСМ во втората изборна единица. Полицијата веќе го идентификуваше лицето од видеото .Утвредно е дека се работи за лицето Ш.Е. од Скпје, кој е вработен во Одделението за управни служби во МВР.

Реклама

Сомнежи дека власта врши предизборен поткуп се појавија уште пред два месеца, кога во Струмица, во тек на полициски час поради корона кризата, се делеа донации од семејството Заеви.

Матеја Петровски