Реклама

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Македонија

Камбовски: Верувам дека претседателката избрала вистински професионалци, кои ќе придонесат во работата на Судскиот совет

Верувам дека претседателката на државата избрала вистински професионалци, кои ќе придонесат во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Верувам дека претседателката на државата избрала вистински професионалци, кои ќе придонесат во работата на Судскиот совет, истакна денеска во изјава за медиумите претседателот на републичкиот Судски совет, Александар Камбовски.

Тој беше прашан што мисли за предложените имиња од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, што треба да влезат во собраниска процедура.

– Кандидатите на претседателката ги дознавме како и сите – од медиумите. Претседателката е, пред сè, правник, професор и не се сомневам во нејзиниот избор и верувам дека избрала вистински професионалци, кои ќе придонесат во работата на Судскиот совет. Секако, доколку ја добијат довербата од Собранието – одговори Камбовски на новинарско прашање.

Реклама

За новиот закон за Судскиот совет тој рече дека се надеваат оти ќе придонесе за поефикасно работење.

– Секако дека се надеваме оти ќе придонесе за поефикасно работење. Јас учествував во работната група и колегите сега сите веќе го имаат законот, мислам – финалната верзија што беше усвоена. Го анализираме повторно, гледаме кои нешта ќе бидат променети и оптимист сум дека ќе имаме квалитетна промена во работењето на Судскиот совет – одговори Камбовски.

Во Собранието беа доставени материјалите за избор на Сузана Јошевска-Анастасовска и Арлинда Кадри-Шахиновиќ за членови на Судскиот совет на Македонија на предлог на претседателката Сиљановска-Давкова.

Кадри-Шахиновиќ е универзитетска професорка со долгогодишна академска кариера на Факултетот за правни и политички науки при ФОН и Универзитетот МИТ, а во јавноста е позната и како поранешен член на Комисијата за помилување. Јошевска-Анастасовска е адвокатка со повеќегодишна пракса, особено во кривични предмети.