Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Свет

Калибаф: Цената на нафтата ги побива тврдењата на САД за контрола врз Ормускиот Теснец

Претседателот на иранскиот парламент и главен преговарач, Мохамед-Багер Калибаф, ги оспори тврдењата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на иранскиот парламент и главен преговарач, Мохамед-Багер Калибаф, ги оспори тврдењата на САД дека презеле контрола врз Ормускиот Теснец, укажувајќи притоа на сè уште високата цена на нафтата. Тој наведе дека нафтата се тргува по цена за околу 35 долари за барел, повисока од нивото пред војната.

    „Или пазарот е глупав, или американската пропагандна машинерија ја фалсификува реалноста“, напиша Калибаф на мрежата „Икс“, на англиски јазик.

    Американскиот претседател, Доналд Трамп, во саботата изјави дека САД имаат целосна контрола врз Ормускиот Теснец и го отфрли најновиот мировен предлог на Техеран како „неприфатлив“. Трамп истакна дека САД „убедливо победуваат“, додека Иран трпи огромни загуби поради американската поморска блокада и економските мерки.