Реклама

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Алта банка официјално на продажба- прва јавна аукција по принципот „се или ништо“ на 30-ти ноември

Играње по бугарски ноти: Сметката за бегството стигна за наплата – Ива Михаилова претворена во медиумска алатка на Софија

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Свет

Калас го повика Израел да го прекине својот „прекумерен“ одговор во Либан

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас денеска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас денеска го повика Израел да ја прекине својата актуелна воена операција во Либан, обвинувајќи дека операцијата води кон масовно раселување и дестабилизација на веќе кревката ситуација.

Иако Израел го има правото на самоодбрана како одговор на неодамнешните напади од страна на милицијата Хезболах поддржана од Иран, неговиот одговор „беше прекумерен“, изјави Калас, пренесе ДПА.

– Тоа ризикува да ги вовлече Либан и неговиот народ во војна која не е нивна, со тешки хуманитарни последици – рече Калас во изјавата.

Реклама

– Израел треба да ги прекине своите операции во Либан. Суверенитетот и територијалниот интегритет на Либан мора да бидат почитувани – додаде таа.

– Дипломатијата и враќањето на прекинот на огнот ја нудат најдобрата шанса за да се спречи Либан да западне во хаос – нагласи Калас.

Таа подвлече дека „непосредни приоритети сега се спречување на понатамошни загуби на животи, раселување и регионална ескалација“.