Реклама

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Мицкоски го обвини Абази за „амнестијата“ на Филипче, граѓаните гневни, лидерот на СДСМ ликува и бара извинување

Статистика: Просечната плата за една година пораснала за над 6%

Паранојата на Филипче ги надмина сите граници: Наместо одговор на најлегитимно прашање, нови закани и навреди кон Алфа

Први случаи на Западно-нилска треска во Центар и Чаир, позитивен и угинат гавран

6.800 денари наспроти 540 денари – Мицкоски со споредба за пензиите

35 пожари во едно деноноќие: Драматична борба со огнот во Македонски брод, Прилепско и Липково

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Македонија

Кафе-дебата „Скопје – европски град на културата 2028: Културното наследство и современата културна динамика“.

Европското движење во Македонија и Градот Скопје денеска организираат кафе-дебатата на тема…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Европското движење во Македонија и Градот Скопје денеска организираат кафе-дебатата на тема „Скопје – европски град на културата 2028: Културното наследство и современата културна динамика“.

Кафе-дебатата се организира по повод одбележувањето на 9 Мај – Денот на Европа, како и во насока на афирмирање на активностите и подготовките Скопје да се претстави како Европски град на културата во 2028 година.

Како што е најавено, настанот ќе обедини претставници од културниот и јавниот живот, академската заедница, уметници, архитекти, истражувачи и јавни дејци кои ќе дискутираат за културното наследство на Скопје, современата културна сцена и визијата за идниот културен развој на градот. Дел од говорниците на дебатата се градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оперската дива, Ана Дурловски, универзитетската професорка и социолог на културата, Антонела Петковска, Рисима Рисимкин, уметник и кореограф, Никос Чаусидис, историчар на уметноста, и Митко Хаџи-Пуља, архитект.