Реклама

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Економија

Јорданов: Со санација на потпорниот ѕид се проширува улицата „Тодор Коларов“, а се обезбедуваат и 50 паркинг места за болницата

Почна санирањето на потпорниот ѕид кај Клиничка болница-Штип, кој пред неколку месеци…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почна санирањето на потпорниот ѕид кај Клиничка болница-Штип, кој пред неколку месеци се урна врз две паркирани возила. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов и директорот на Клиничка болница (КБ)-Штип, Владко Захариев на денешната прес-конференција истакнаа дека  со проектот дополнително ќе се прошири улицата „Тодор Коларов“ и ќе се обезбедат над 50 нови паркинг позиции. Улицата од еднонасочна ќе стане двонасочна, со што ќе се овозможи поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот.

Градоначалникот Јорданов вели дека со ова ќе се реши и проблемот со сообраќајниот метеж и непрописното паркирање околу болницата, каде што, како што посочува, често има гужва и недостиг од паркинг места. 

-Започнати се активности за изградба на нов потпорен ѕид, практично околу Клиничка болница – Штип, поврзувајки ја новата и старата капија на болницата и проширувајки ја улицата „Тодор Коларов“, која се наоѓа наоколу болницата. Инфраструктурниот зафат е инвестиција на општина Штип во вредност од 11 милиони денари, со што ќе се овозможи пред се поголема безбедност за сите учеснции во сообраќајот, пред се на улица „Тодор Коларов“, проширувајки ја оваа еднонасочна улица во двонасочна улица и овозможувајкии повеќе од 50 паркинг позиции- вели Јорданов. 

Реклама

Директор на КБ-Штип, Владко Захариев, упати благодарност до Општината и градоначалникот, бидејќи болницата немала услови сама да го реконструира потпорниот ѕид. 

-Ова е голема помош за овој проект за реконструкција на овој ѕид, бидејки самата болница нема можност, ниту услови сама да го реконструира. Ќе имаме повеќе паркинг места и самата пристапност до болницата ќе биде повеќе квалитетна-изјави Захариев.

Со реализацијата на проектот, очекувањата се дека овој потег треба да добие нов и побезбеден изглед, а граѓаните и пациентите подобри услови за пристап и паркирање. вдј/вј/