Реклама

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Македонија

Јорданчо Костадинов: Поддршката за земјоделците во Чешиново-Облешево продолжува

Во општина Чешиново-Облешево вчера се одржа средба со жителите, на која кандидатот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во општина Чешиново-Облешево вчера се одржа средба со жителите, на која кандидатот за градоначалник Јорданчо Костадинов и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трифуновски ги слушнаа нивните предлози и потреби за понатамошен развој на општината.

Преку заедничка соработка меѓу локалната и централната власт, ќе се овозможи натамошен напредок на општината, со посебен акцент на поттикнување на земјоделството – главната економска гранка во регионот.

Трипуновски истакна дека поддршката за земјоделците продолжува континуирано и дека веќе се реализирани повеќе мерки: јавен повик за кофинансирање на набавка на комбајни за ориз и мобилни сушари, обезбедување вода за сеидба, навремена исплата на субвенциите, како и продолжување на интервентната мерка од 6 денари по килограм ориз до 1 септември 2025 година.

Реклама

Исплатата ќе се реализира по завршувањето на изборниот процес.

Дополнително, набавката на оризова арпа за стоковните резерви, која е од големо значење за оризопроизводителите, ќе биде спроведена по завршувањето на локалните избори.

 На средбата беше потенцирано дека само преку здружени напори може да се обезбеди стабилен и одржлив развој на Чешиново-Облешево, со реализација на проекти кои директно ќе го подобрат животниот стандард на жителите.

 Локалните избори ќе се одржат, во недела 19 октомври, кога граѓаните ќе имаат можност да го направат, како што рече Костадинов, „вистинскиот избор“.