Реклама

Мицкоски: Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство

Прилепчани оперирале од Халкидики до Мадрид

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Македонија

Јавните сведочења на жртвите не се доволен доказ за Тренчевска – Без преставка не можело да се утврди дали кажуваат виситна

Министерството за труд и социјална политика како да не им верува на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за труд и социјална политика како да не им верува на жртвите на семејно насилство.  Остава простор дека е можно да не ја кажувале вистината. Ваков скандалозен одговор добивме на прашњата поврзани со сведоштвата на жртвите на семејно насилство кои си го отворија срцето и собраа храброст да раскажат за голготата низ која минувале.

-Секое одење таму беше со напад, ти зошто пријавуваш, што сакаш да постигнеш? Се соочуваш со еден вид на прикриени закани, вели Ирена Димоска.

-Се обидуваа со нивни зборови да ми ја преиначат приказната. „Па вие не изгледате толку потресено. Зошто дојдовте? Да не лажете малку?“, сведочи Љупка Мачкова.

Реклама

Министертсвото за труд и социјална политика контра нивните сведоштва, не можело да се утврди дали тие тврдења се вистинити затоа што не поднеле преставка.

ТЕЛОП: Министерство за труд и социјална политика:

За сите 7 прашања заедничко е што доколку за истото не се поднесе претставка/иницијатива за инспекциски надзор до Секторот за инспекциски надзор односно барање за надзор над стручната работа преку Министерството за труд и социјална политика до Заводот за социјални дејности не може да се утврди дали тие тврдења се вистинити.

Освен жртвите, за ваквата негативна пракса на Центрите за социјална работа реагираат и невладините организации.

-Наспроти обврската за применување на принципот на должно внимание и приотизирање на случаите за семено наилство. Центрите за социјална работа не обезбедуваат соодветна помош и поддршка. .. Во два наврати апелиравме до Министертсвото за труд и социјлана политика да направи увид во досиејата во последните две години и да преземен меркиз а надминување на ваквата практика. Но до сега не добивме повратен одговор  од страна на самото министертсво а немаме информација дека прекинала ваквата практика,  вели Стојан Мишев од невладината ЕСЕ.  

Но не само директните жртви на семејно насилство се оставени без да им се пружи соодвена помош и поддршка. Тие сведочат дека нивните деца не добиле психолошка помош, иако ја барале истата. Дел од нив и ден денеска чекаат и се надеваат на потврден одговор.