Реклама

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

Груби излезе од куќен притвор, денеска ќе се дознае дали ќе го добие и пасошот

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Јавното обвинителство од Кочани побара притвор за бегалелката Ива Михаилова

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Македонија

Јавниот повик за прием на 400 пожарникари завршува во четврток, најдобрите ќе бидат дел од новата специјална единица на ДЗС

Јавниот повик за прием на 400 пожарникари по владината мерка за поддршка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јавниот повик за прием на 400 пожарникари по владината мерка за поддршка во борбата против пожарите завршува во четврток, информираше денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов. Тој ги повика сите заинтересирани кандидати да се пријават најдоцна до четврток во локалните Центри за вработување, каде што треба да ги пополнат потребните документи.

– Ги повикувам сите заинтересирани најдоцна до четврток да поднесат апликација до локалниот центар за вработување во кој било град од државата. Таму ќе ги пополнат потребните документи, но важно е да носат медицинска потврда од надлежен доктор со која се потврдува дека не боледуваат од тешки болести кои што би им пречеле во извршувањето на оваа исклучително одговорна задача, рече Ангелов и појасни дека кандидатите нема потреба да носат други документи.

Најдобрите од нив, особено, како што рече, оние кои што гравитираат во Скопје и околината, ќе имаат можност да конкурираат и да бидат дел од новата специјална единица за заштита и спасување, која што е во фаза на формирање.

Реклама

– Ќе ги избереме најдобрите од оние лица кои што ќе покажат интерес и ќе бидат примени како професионални пожарникари во локалните територијални противпожарни единици. Најдобрите од нив, особено оние кои што гравитираат во Скопје и околината ќе имаат можност да конкурираат, а потоа и да бидат примени во новата специјална единица за заштита и спасување која што е во фаза на формирање, посочи Ангелов.

Прашан колку кандидати се досега пријавени, директорот на ДЗС рече дека нема детални податоци во овој момент, но посочи дека за Скопје се бараат 80 пожарникари, а локалниот Центар за вработување појасни дека е во Општина Кисела Вода. Со оваа мерка, додаде, биле опфатени 14 општини, од кои, рече, според информациите кои ги има само една општина не аплицирала. Во врска со тоа колкав број лица ќе бидат ангажирани во општините, Ангелов рече дека тоа зависи од општина до општина.

– Овие информации ги имате во евиденцијата за вработување, но како и да е, постои голем интерес кај граѓаните за оваа владина мерка, со тоа што се појавија одредени нејаснотии каде граѓаните да аплицираат. Токму затоа ги повикувам сите заинтересирани граѓани за оваа владина мерка, да се пријават во локалниот Центар за вработување, во оние градови во коишто тоа го има или во некое од соседните места, ако во нивното место нема центар за вработување, појасни Ангелов.