Реклама

Димитриеска- Кочоска: Случувањата со Алта банка не се закана за банкарскиот систем

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

Македонија

Јаневска: Ваучери за е-уреди се наменети само за студенти на додипломски студии

По наводите дека студенти запишани на магистерски (постдипломски) студии  успеале да се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По наводите дека студенти запишани на магистерски (постдипломски) студии  успеале да се пријават за доделување ваучери од 15.300 денари за купување електронски уреди, иако владиниот проект е наменет за студенти запишани на прв циклус студии, министерката Весна Јаневска денеска рече дека законот е јасен и се однесува на студентите на додипломски студии. 

-Уште еднаш ќе потсетам дека тоа е акција на Генералниот секретаријат (на Владата). Ние сме посредници во остварувањето на правата на студентите. Законот вели дека право на ваучери имаат студентите на додипломски студии и на интегрирани студии до 29 години. Тоа е законот и според него студентите ќе добијат ваучери, рече Јаневска одговарајќи на новинарско прашање по промовирањето на кампањата против дискриминација во фудбалот.

Аплицирањето за набавка на електронски уреди почна во понеделникот, 17 ноември.  Со ваучерот од 250 евра, студентите што ќе се пријават на повикот може да купат електронски уреди – лаптоп, таблет или персонален компјутер.

Реклама

Како што е наведено во повикот, може да аплицираат студентите до 29 години кои имаат запишано семестар во учебната 2025/2026 на додипломски студии на државните или приватните факултети. Аплицирањето е на линкот: https://vlada.mk/mk-MK/odnosi-so-javnost/soopstenija/vlada-zapocna-apliciranjeto-za-elektronski-vauceri-za-studenti-preku-nacionalniot-portal-za-e-uslugi