Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Јаневска: ОУ „Киро Глигоров“ ќе има шест нови  училници – девет дена онлајн настава за учениците од четврто до деветто одделение 

Околу 500 ученици од четврто до деветто одделение во ОУ „Киро Глигоров“…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Околу 500 ученици од четврто до деветто одделение во ОУ „Киро Глигоров“ во скопската општина Центар две недели, односно девет работни дена ќе учат онлајн зашто во училиштето се приспособува простор за шест нови училници за да се воведе едносменска настава. Учениците до трето одделение во овој период настава ќе следат со физичко присуство. 

-Се адаптира простор за шест нови училници, за во иднина децата да не одат во две туку во една смена, што е исклучително значајно. ​Работните обврски на изведувачот почнаа во август, интензивно се работи, и во викенди, за училниците да бидат готови за околу две недели односно за девет работни дена. Во тој период околу 500 ученици од четврто до деветто одделение ќе одат на онлајн настава и тоа не е никаков проблем затоа што бенефитот што ќе го има целото училиште е многу поголем од тие две недели онлајн настава, на која тие веќе и се навикнати. Тоа е генерација која во време на короната веќе имаше онлајн настава, изјави Јаневска.

Таа денеска од ова основно училиште во Капиштец упати пораки и желби за успешна учебна 2026-2027 година на сите ученици во државата. 

Реклама

​ОУ „Киро Глигоров“ има  930 ученици, а првачиња 108. Бројот на првоодделенци таму е приближно колку и лани, секоја година се запишуваат по четири паралелки.

На новинарско прашање за намалениот број на првачиња од околу 3000 за разлика од лани, на ниво на држава, Јаневска одговори дека „демографијата е посебна наука и многу нешта треба да се направат во тој правец“, а дека во образованието се воведени многу мерки со кои се подобруваат условите за учење. 

​-Пред две години направивме три сликовници за од прво до трето одделение, со наслов „Јас, мама, тато, дада и бато“. Се надевам дека училиштата ги користат. Сè што правиме е многу сериозно – инфраструктура, технологија, нови наставни програми, нови наставни помагала, учебниците се редовно снабдени. Сè со цел да им е попријатен животот на децата во Македонија. А кога на децата им е убаво, и нивните родители ќе сакаат, претпоставувам, да останат тука и ќе се охрабрат да имаат повеќе дечиња, рече министерката.