Реклама

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Кочанските оризари бараат откупна цена од 35 денари за килограм

Денеска ќе се знае дали ќе има епидемија во Гостивар: Водата не смее да се користи ниту за пиење, ниту за миење, ниту за капење…

Владата утре на состанок со трговците со храна, Мицкоски најави намалување на акцизите на горивата

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Здравство

Извршени две трансплантации, кај пациенти на 13 и 35 години

Министерството за здравство соопштува дека под водство на проф. д-р Зоран Божиновски…

Сподели:

Министерството за здравство соопштува дека под водство на проф. д-р Зоран Божиновски и со поддршка од стручен тим успешно е извршена реконструкција на деформитет на стапало кај 13-годишен пациент.

Во медицинскиот тим учествуваа д-р Теодора Божиновска, д-р Мики Ѓорески, анестезиолог д-р Марина Темелковска, д-р Ивана Колевска Удовалиева, инструментарка с. Шехиде Синани, помошник инструментарка с. Аријета Мемети, сестра анестетичар с. Менче Дојчиновска и болничар Сејнур Идриз.

Исто така, медицински тим составен од доц. д-р Алан Андоновски, д-р Мики Ѓорески, д-р Шклзен Синани и анестезиолог д-р Јасминка Нанчева успешно ја изведе реконструкцијата на предниот вкрстен лигамент на колено кај 35-годишен пациент.

Реклама

Придружувани од медицински техничар Ерзен Муртезани, помошник инструментарка Сузана Пејчиновска, сестра анестетичар Јована Илиева и болничарка Снежана Тодоровска, тимот демонстрираше врвен професионализам и посветеност.

-Трансплантациите се извршени благодарение на ткивната банка на ортопедија. Со секоја успешно изведена трансплантација, ние не само што спасуваме живот, туку им даваме шанса за подобар и поквалитетен живот на пациентите. Тие се инспирација за сите нас. Изразувам посебна почит кон донорот и благодарност до семејствата на донорите. Огромна благодарност и до сите здравствени работници вклучени во трансплантациските постапки. Во изминатите шест месеци се извршени осум ортопедски трансплантации кај деца и возрасни, со кои значително се унапредува квалитетот на живот кај пациентите, вели проф. д-р Кузмановска, национален координатор за трансплантација.