Реклама

Корупцијата под лупа – институциите го стегаат обрачот околу поткупот

Македонската царина спречи милионски шверц на Богородица

Скопскиот градоначалник најави бесплатни униформи за сите средношколци во прва година

Македонија е прва во Европа по зголемениот број на туристи

37 нови градинки ќе бидат отворени до крајот на оваа и текот на следната 2027-ма година

Комисијата за заразни болести ќе даде препораки за заштита од западно-нилска треска, откако за една недела има нови 8 случаи

Разговори може, Бугари во Устав по бугарски терк не може: Македонија се уште жртва на капитулациите на Ковачевски и Османи

Инфраструктруните проекти да останат меѓу приоритетите, велат експерти за Алфа

Мицкоски: Очекувам пониски цени на горивата следната недела

Цените на нафтата на светските берзи продолжуваат да паѓаат и натаму сме најевтини во регионот

Гостивар под надзор поради ризик од хепатит А и Е

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Македонија

Известување на претседателството на МАНУ за објавениот напис од академик Коцарев во весникот „Нова Македонија“

По повод написот на акад. Љупчо Коцарев, објавен во дневниот весник „Нова…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод написот на акад. Љупчо Коцарев, објавен во дневниот весник „Нова Македонија“ на 24. 1. 2026 година, претседателството на Македонската академија на науките и уметностите на вчерашната седница заклучи дека со написот се нанесува голема штета и се нарушува угледот на Академијата. Претседателството го осуди и го оцени како непримерен ваквиот настап, невообичаен во досегашните 58 години постоење на МАНУ, особено затоа што потекнува од поранешен претседател и сегашен член на претседателството, се вели во соопштението од МАНУ.

Претседателството со индигнација во целост ги отфрла изнесените наводи во написот како неаргументирани и невистинити и дава целосна поддршка на работата на претседателот на МАНУ, акад. Живко Попов. Академик Коцарев очигледно не ги почитува одлуките на шретседателството донесени со мнозинство и бидејќи не успева да ги наложи своите погледи, ги изнесува во јавност без секаква логика и оправданост.

Акад. Љупчо Коцарев како член на претседателството на МАНУ секогаш имал и има можност во согласност со статутарните процедури да ги изнесува своите ставови во телата на Академијата доколку во нив редовно учествува и да ги брани во духот на аргументираниот дијалог и расправа, која прилега на институција како што е МАНУ – највисока научна и уметничка институција во државава.